Бернам Торп
52°56′10″N 0°45′36″E / 52.936°N 0.760°E
| Бернам Торп | |
| Burnham Thorpe | |
Црквата на Сите Светители во Бернам Торп |
|
| Површина | 9.56 km2 (3.69 ми) |
|---|---|
| Население | 168 |
| - Густина | 18/км2 (47/sq mi) |
| Мреж. реф. | |
| Округ | Кингс Лин и Западен Норфолк |
| Ширска грофовија | Норфолк |
| Регион | |
| Земја | Англија |
| Суверена држава | Обединето Кралство |
| Пошт. град | KING'S LYNN |
| Поштенска област | PE31 |
| Повикувачки број | 01328 |
| Полиција | |
| Пожарна | |
| Итна помош | |
| ЕУ парламент | |
| Брит. парламент | Северозападен Норфолк |
| Список на места: ОК • Англија • | |
Бернам Торп (англ. Burnham Thorpe) е селце во околијата крај реката Берн близу крајбрежјето на Норфолк во Англија. Познато е како родно место на прочуениот вицеадмирал Хорацио Нелсон, победник во Битката кај Трафалгар, и еден од најголемите британски херои. Татко му Едмунд Нелсон служел како ректор (парох) на црквата во Бернам Торп.[1]
Родната куќа на Нелсон била урната по смртта на татко му, а на нејзино место била изградена парохијата (ректоријата). Овој објект стои и денес, заедно со црквата каде што служел татко му. Местото кајшто стоела поранешната ректорија е обележано со табла.[2]
Главната крчма во селото е изградена во 1637 г. и се нарекувала The Plough („Плуг“) сè до 1798 г. кога е преименувана во The Lord Nelson („Лордот Нелсон“) во чест на неговата победа во Битката кај Абукир (Битката кај Нил). Пред да отплови, тука Нелсон одржил гозба за селаните. Крчмата постои и ден денес.[3]
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Хорацио Нелсон
- Миранда Рејзон, глумица
- Соли Цукерман, научник и чиновник
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Црква „Сите Светители“ - Бернам Торп (англиски)
- ↑ „Бернам Торп“. norfolkcoast.co.uk. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2010-04-11. (англиски)
- ↑ „„Лордот Нелсон" во Бернам Торп“. Архивирано од изворникот на 2010-04-05. Посетено на 2010-04-11. (англиски)