Берички мост

Координати: 40°34′36.17″N 21°11′22″E / 40.5767139° СГШ; 21.18944° ИГД / 40.5767139; 21.18944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Берички мост
Γεφύρι Μπερίκι
Координати40°34′36.17″N 21°11′22″E / 40.5767139° СГШ; 21.18944° ИГД / 40.5767139; 21.18944
ПреминуваРулска Река
МестоД’мбени, Костурско, Егејска Македонија
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина26 м
Висина10 м
Распони1
Историја
АрхитектЗдрољо
Завршен1866
Местоположба
Карта

Берички мост (грчки: Γεφύρι Μπερίκι) или Д’мбенски мост (Γεφύρι Δενδροχωρίου) — стар камен мост кај Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија.

Мостот ја преминува Рулска Река (Желевска Река), овде наречена Бистрица или Бериг,[1] на 15 км северно од Костур во месноста Берик (Бериг), каде се спојуваат патиштата од Сливени и Апоскеп. Изграден е во 1866 г. од познатиот д’мбенски градител Здрољо. Има должина од м и најголема висина од 10 м; лакот има распон од 16 м.[2][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Берик — некогашно село во месноста, напуштено кон крајот на XVIII век
  • Спилието — блиска клисура на реката

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Нединъ (1910). Спомени отъ една обиколка прѣзъ 1903 година (PDF). Скопие: Хафъзъ паша. стр. 70.
  2. „Το τοξωτό γεφύρι Δενδροχωρίου Καστοριάς, έτ. 1866“. Φως της Καστοριάς. 20 август 2015. Посетено на 21 декември 2015.
  3. „Γεφύρι Μπερίκι ή Δενδροχωρίου“. Τα Πέτρινα Γεφύρια. Посетено на 21 август 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]