Береховски реон

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Береховски Реон)

Береховскиот реон (украински: Берегівський район, унгарски: Beregszászi járás) е реон во Закарпатија. Административен центар е Берехово, град од регионално значење на Украина. Многу векови истиот бил центар на Округ Берег. Според пописот од 2013 г. реонот имал 51804 жители.

Општи податоци[уреди | уреди извор]

  • Население: 51804
  • Површина: 635 км2
  • Надморска висина: 120
  • Поштенски код: 90200
  • Телефонски код: +3803141XXXXX
  • Административен центар: Берехово
  • Градови: 1
  • Села: 42
  • Мрежно место: http://www.bereg-rda.gov.ua/ Архивирано на 5 септември 2015 г.
  • Гувернер: Ихор Свишчо

Местоположба[уреди | уреди извор]

Реонот зафаќа 635 км2 или 5,5 % од Закарпатија. Сместен е во југозападниот дел од областа и се граничи со Унгарија и другите обласни реони. Низ реонот течат три реки Тиса, Боржава и Салва. Поголемиот дел од реонот е рамнина.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 г., населението на реонот е 54614 жители[1](од 2004 ), или 4% од населението на Закарпатската област. 50000 живеат во рурални населени места. Украинските унгарци во овој реон се мнозинство (76.1%). Други етникуми во овој реон се: Русини (18.8%), Руси (0.7%), Роми (4.1%).

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Береховскиот реон се состои од една градска и 30 селски општини. Сите имаат своја администрација/собрание наречено “рада”. Административниот центар е Берехово. Истиот не спаѓа во реонот. Има статус на град од регионално значење.

  1. Административен центар: Берехово
  2. Градска општина: Батиово
  3. Селски општини:
  • Астеи
  • Бадалово
  • Батрад (Батрат и Хоронхлаб)
  • Бене
  • Берехујфалу
  • Боржава
  • Вари
  • Велика Бакта
  • Велика Бијхан (Велика Бијхан и Мала Бијхан)
  • Велики Берехи
  • Дјида
  • Запсон
  • Јаношо (Јаноши и Балажер)
  • Квасово
  • Киѓош
  • Косон
  • Мочола
  • Мужиево
  • Нижни Ремети (Нижни Ремети и Веркни Ремети)
  • Оросијево
  • Попово (Попово, Мале Попово, Хетен)
  • Рафаиново
  • Свобода (Свобода, Бадив, Бакош, Даниливка)
  • Халабор
  • Хат (Хат и Чикош-Хоронда)
  • Хеча
  • Хут
  • Четфалва
  • Чома
  • Шом (Шом и Каштаново)

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Карта на Закарпатија со Береховски реон

Патишта[уреди | уреди извор]

Низ реонот поминува еден европски пат, т.е. два, и тоа: и . Патот поминува во правец север-југозапад од Мукачево до Берехово, потоа до романската или унгарската граница. Патот Р54 се наоѓа меѓу Берехово и Астеи, и излегува на унгарската граница. Низ Берехово поминува кој поминува низ Винохрадив и Хуст и се поврзува со Н09. Покрај граничниот премин кај Астеи, реонот има уште два премини, еден кај Косон и еден кај Батрад. Обласни патишта се: T0714, T0707, T0715, T0731, T0717.

Железници[уреди | уреди извор]

Има 6 железнички станици во реонот, од кои најголеми се во Батиово и Берехово. Станицата во Батиово е крстосница меѓу Чоп, Мукачево и Берехово.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „About number and composition population of ZAKARPATTIA REGION by data All-Ukrainian population census '2001“. Архивирано од изворникот на 2007-09-11. Посетено на 2016-05-10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]