Прејди на содржината

Бенјамин Шешко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бенјамин Шешко
Лични податоци
Роден на 31 мај 2003(2003-05-31)(21 г.)
Роден во Радече, Словенија[1]
Висина &100000000000001950000001,95 м[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб РБ Лајпциг РБ Лајпциг
Број 30
Младинска кариера
Радече
0000–2013 Рудар Трбовље
2014–2016 Радече
2016–2018 Кршко
2018–2019 Домжале
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2019–2023 Ред бул Салцбург 55 (45)
2019–2021ФК Лиферинг (поз.) 44 (50)
2023– ФК Лајпциг 10 (12)
Репрезентација
2017–2018 Словенија до 15 години 6 (4)
2018 Словенија до 16 години 4 (4)
2018–2019 Словенија до 17 години 14 (5)
2020 Словенија до 19 години 1 (0)
2021– Словенија 26 (10)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Бенјамин Шешко (Радече, 31 мај 2003) — словенечки фудбалер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Шешко е словенечки професионален фудбалер кој игра како напаѓач за германскиот клуб ФК Лајпциг и Словенечката фудбалска репрезентација.

Во 2019 година, на шеснаесет години, тој премина од НК Домжале во Ред Бул Салцбург[3], кој го позајми во неговиот втор тим, ФК Лиферинг, на две сезони, каде што постигнал 22 гола на 44 натпревари во Втората австриска лига.[4] Во јануари 2021 година, дебитирал за Ред Бул Салцбург и со него освоил две титули на Австриското национално првенство и една титула победник на Австрискиот куп.[5]

Шешко одиграл 25 натпревари за словенечката младинска репрезентација и во јуни 2021 година дебитирал за словенечката репрезентација како најмлад играч на возраст од осумнаесет години и еден ден.[6] Во октомври истата година го постигнал својот прв репрезентативен гол, со што станал најмладиот репрезентативен стрелец во историјата.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Slovenia – B. Šeško“. Soccerway. Посетено на 18 May 2024.
  2. „Benjamin Sesko“ (германски). Red Bull Salzburg. Архивирано од изворникот 2 November 2021. Посетено на 25 јануари 2022.
  3. „Slowenischer Youngster wechselt zu den Roten Bullen“ (германски). Red Bull Salzburg. Архивирано од изворникот на 9 May 2021. Посетено на 8 June 2021.
  4. Gruden, Toni (1 June 2021). „Šeško in Mlakar prva strelca, Iličić pa najpodajalec Kekovih izbrancev“ (словенечки). RTV Slovenija. Посетено на 8 June 2021.
  5. „Hartberg vs. Salzburg – 30 January 2021 – Soccerway“. Посетено на 8 June 2021.
  6. Viškovič, Rok (1 June 2021). „Benjamin Šeško je krepko popravil slovenski rekord“ (словенечки). Sportklub. Посетено на 8 June 2021.
  7. „Šeško med najmlajšimi reprezentančnimi strelci tudi v Evropi“ (словенечки). 12 October 2021. Посетено на 19 October 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]