Бенјамин Клајбринк
Изглед

Медали | ||
---|---|---|
Натпреварувач за ![]() | ||
Мечување во машка конкуренција | ||
Олимписки игри | ||
![]() |
Пекинг 2008 | Флорет (мажи) |
Бенјамин Клајбринк (герм. Benjamin Philip Kleibrink, р. 30 јули, 1985 во Крефелд) — германски мечувалец во дисциплината флорет.
Неговото најголемо достигнување е освојувањето на златниот медал во дисциплината поединечен флорет во машка конкуренција на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг. На овој натпревар тој ги поразил Кента Чида (15-10), Леј Шенг (15-7), Џу Џин (15-4), а на крај, во финалето и Јуки Ота (15-9). Клајбринк освоил второ место на Европското првенство во мечување во 2007 кога бил поразен со 15-13 од италијанецот Андреа Балдини. Освоил и бронзен медал на Светското првенство во мечување 2007, каде во полуфиналето со 15-4 бил поразен од сонародникот Петер Јопих.
Достигнувања
[уреди | уреди извор]![]() | Оваа статија поврзана со мечувалството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
![]() ![]() | Оваа биографска статија за личност од Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |