Бентомак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бентомак е македонски рудник на бентонитски глини кај Крива Паланка.[1] Под името Бентомак е опфатена и компанијата која во 70-тите години на 20 век вршела експлоатација на бентонитските глини во Славишко Поле. Тоа се наоѓалиштата Ранковце, Гиновци и Љубинци. Со прекини Бентомак до денес врши експлоатација на фино дисперзни бентонитски глини со висок квалитет. Дебелината на подинскиот слој кај Ранковци е 6 m, а во крајните делови постои листест бентонит со дебелина од 11 m.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. М. Стојановиќ, Наоѓалишта на неметални минерални суровини во Македонија. Скопје,2005
  2. С. Ракиќ, К. Петровски, Неметалични минерални суровини во Македонија, Советување во Охрид, 1990