Бенкичаво вилинско коњче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бенкичаво вилинско коњче
Four-spotted chaser dragonfly (Libellula quadrimaculata) male.jpg
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Odonata
Подред: Anisoptera
Семејство: Libellulidae
Род: Libellula
Вид: L. quadrimaculata
Биномен назив
Libellula quadrimaculata
Linnaeus, 1758

Бенкичавото вилинско коњче (Libellula quadrimaculata) е вид на вилинско коњче од редот на виситински вилински коњчиња. Бенкичавото вилинско коњче може да се најде во скоро цела Европа, вклучително и во Македонија, Азија и Северна Америка. Во Македонија се наоѓа околу неистечни води.

Опис[уреди | уреди извор]

Името на вилинското коњче потекнува од точките (бенки) кои се наоѓаат на крилјата. Возрасните вилински коњчиња можат да се најдат од април до септември, но сепак тоа зависи од држава до држава. Ларвите имаат двегодишен развоен циклус. Возрасните вилински коњчиња воглавно се хранат со комарци и мали муви.[1] Ларвите се хранат со останати мали водни инсекти и ларви.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Ова вилинско коњче воглавно живее околу бари и помирни реки. Најчести се во јуни и јули.

Однесување[уреди | уреди извор]

Мажјакот се смета дека е многу агресивен и ја брани дадената територија од упади од други мажјаци од видот. Мажјаците имаат поволен поглед кон небото за време на чнувењето.[2] Тие се одлични летачи, па така парењето се одвива во лет. Јајцата се полагаат на вегетација.

Предатори[уреди | уреди извор]

Главен предатор на бенкичавото вилинско коњче е вилинското коњче император.[3] Друг предатор на ова вилинско коњче е зелената тигреста бубачка.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.shgresources.com/ak/symbols/insect/ Archived 2009-01-07 at the Wayback Machine Retrieved 16 Feb. 2010
  2. Sauseng, Manuela; Pabst, Maria-Anna; Kral, Karl (20 November 2003). „The dragonfly Libellula quadrimaculata (Odonata: Libellulidae) makes optimal use of the dorsal fovea of the compound eyes during perching“ (PDF). European Journal of Entomology. 100 (4): 475–479. doi:10.14411/eje.2003.071. ISSN 1210-5759.
  3. „Emperor Dragonfly“. Norfolk Dragons. Архивирано од изворникот на 27 May 2009. Посетено на 16 February 2010.
  4. „An Unexpected Predator of the Four Spot Chaser Dragonfly“. 23 January 2009. Архивирано од изворникот на 17 November 2017. Посетено на 15 February 2010.

Надворепни врски[уреди | уреди извор]