Бензин

Бензин — запалива смеса од лесни јаглеводороди со точка на вриење од +33 до +205 °C (во зависност од примесите). Густината му изнесува околу 0,71–0,76 г/см³. Топлотната вредност е околу 10.600 ккал/кг (44,4 МЏ/кг, 32,7 МЏ/литар). Температурата на замрзнување е околу −60 °C доколку се користат посебни адитиви.[1]
Бензините се користат како моторно гориво и како суровина во индустриската органска синтеза.
Историја
[уреди | уреди извор]Првите автомобилски мотори со внатрешно согорување, таканаречените Отови мотори, биле развиени во последната четвртина на XIX век во Германија. Горивото било релативно летлив јаглеводород добиен од коксен гас. Со температура на вриење од околу 85 °C (октаните испаруваат на околу 40 °C повисока температура), тоа било погодно за раните испарувачи. Развојот на испарувачот со „распрскувач“ овозможил користење на помалку летливи горива. Понатамошните подобрувања на ефикасноста на моторот биле испитувани со повисок степен на компресија, но раните обиди биле спречени од предвремена детонација на горивото.
Во 1910 г., светската продажба на бензин за првпат ја надминала продажбата на керозинот.
Во 1920-тите години, додека работел во General Motors, Томас Миџли открил дека бензинот со додаток на олово (тетраетилолово) ја намалува детонацијата кај моторите со внатрешно согорување. Меѓутоа, испуштањето олово во атмосферата е опасно поради неговата токсичност. Оваа иновација започнала циклус на подобрување на ефикасноста на горивото, што се совпаднало со масовниот развој на преработката на нафта за да се обезбедат повеќе продукти во опсегот на вриење на бензинот. Во 1950-тите години, рафинериите почнале да се фокусираат на високооктански горива, а подоцна во бензинот биле додавани детергенти за чистење на дизните на испарувачите. 1970-тите години биле сведоци на поголемо внимание кон еколошките последици од согорувањето на бензинот. Овие размислувања довеле до постепено исфрлање на тетраетилоловото и негова замена со други антидетонаторски соединенија. Подоцна бил воведен бензин со ниска содржина на сулфур, делумно за да се зачуваат катализаторите во современите издувни системи.
Општи одлики
[уреди | уреди извор]Бензинот е подвижна, запалива и главно безбојна течност со карактеристичен мирис; специфичната тежина му е 0,700–0,780 кг/л; лесно испарува и во одредени концентрации со воздухот создава избувливи смеси, со точка на палење под 0 °C. Повеќето бензини замрзнуваат под -60 °C. Содржи од 4 до 12 јаглеродни атоми. Околу 90 % се добива од нафта.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Gary, James H.; Handwerk, Glenn E. (2001). Petroleum refining: technology and economics (4.. изд.). New York Basel: Dekker. стр. 1. ISBN 978-0-8247-0482-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Бензин“ на Ризницата ? |
- CDC – NIOSH Pocket Guide to Chemical Hazards
- CNN/Money: Global gas prices
- Comparison of Regular, Midgrade, and Premium Fuel
- EEP: European gas prices
- Energy Supply Logistics Searchable Directory of US Terminals Архивирано на 14 февруари 2009 г.
- High octane fuel, leaded and LRP gasoline—article from robotpig.net
- Motor Gasolines Technical Review
- Transportation Energy Data Book