Бенетон (семејство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лучијано Бенетон

Четири членови на италијанската фамилија Бенетон ја основале модната компанија Бенетон Групација С.п.А во 1965 година.[1] Тројцата браќа и нивната сестра се родени во Тревизо, Венето, Италија.[2] Нивниот татко бил сопственик на продавница за велосипеди. Преку Edizione srl, финансиска холдинг-компанија, тие контролираат голем број на други бизниси, вклучувајќи 30% во Atlantia S.p.A, оператор на речиси две третини од автопатите во Италија, 60% во Autogrill, синџир на ресторани покрај пат и инвестиции во хотелската индустрија, вклучувајќи ги Хотел Монако и Grand Canal во Венеција, Италија.

Тие се исто така познати и по нивната сопственост на Бенетон Формула, на натпреварувачки тим во Формула Еден и значајни европски кошаркарски и рагби тимови.

  • Лучано Бенетон (роден на 13 мај 1935 година) работел како претседател на Бенетон Групацијата од нејзиното формирање. Тој исто така е во управниот одбор на Edizione srl. Во последните неколку години, тој го намалил учеството во секојдневните операции. Од 1992 до 1994 година, бил сенатор на Република Италија во Парламентот на Република Италија. Тој има четири деца од неговата сопруга Марија Тереза Маестри, Мауро (роден на 15 јуни 1962 година), Алесандро (роден на 2 Март 1964 година), Росела (родена на 23 Јуни 1965 година) и Роко (роден на 29 септември 1969 година). Сите живеат во Тревизо во Италија.
  • Џулијана Бенетон (родена на 8 јули 1937 година) моментално е во управниот одбор и на двете, на Edizione srl и Бенетон Групацијата. Таа е одговорна за планирање на колекцијата трикотажа на Бенетон и координирање на производните линии. Џулијана всушност го започнала семејниот бизнис со плетење на џемпери кои нејзиниот брат Лучано ги продавал по куќите со велосипед. Таа е мажена и има четири деца Паола, Франка, Даниела и Карло.[2]
  • Жилберто Бенетон (роден на 19 јуни 1941година) е претседател на Edizione srl и ги надгледува сите финансиии и инвестиции во недвижнини. Жилберто Бенетон исто така е претседател на Autogrill и директор на Бенетон Групацијата. Тој е директор на Atlantia S.p.А и Mediobanca S.p.А. Исто така е член на Управниот одбор на Pirelli S.p.А и Allianz. Тој има две деца Барбара и Сабрина кои живеат во Тревизо, Италија.
  • Карло Бенетон (роден на 26 декември 1943 година) е заменик претседател и на двете, на Edizione srl и на Бенетон групацијата. Тој е одговорен за производството и за врската меѓу седиштето на Бенетон и нејзините меѓународни подружници. Тој има четири деца Масимо, Андреа, Кристијан и Леоне кои сите живеат во Тревизо, Италија.

Наредната генерација[уреди | уреди извор]

  • Франка Бенетон, Алесандро Бенетон, Сабрина Бенетон и Кристијан Бенетон се назначени за членови на одборот на Edizione srl, главната компанија на семејството и тие ќе бидат оние кои ја претставуваат новата генерација на Бенетон.
  • Алесандро Бенетон е роден на 2 март 1964 година во Тревизо, како најстар син на Лучано и Марија Тереза Бенетон. Тој добил диплома од Универзитетот во Бостон и од МБА од Харвард. Работел како аналитичар во одделението за глобални финансии во „Голдман Сакс“ во Лондон. Во 1993 година ja основал „21 Investimenti S.p.А“, трговска банка и во моментов е претседател на таа компанија. Во 2004 година бил назначен за заменик-претседател на Бенетон Групацијата со посебна одговорност да го надгледува проширувањето на компанијата во Источна Азија, посебно во Кина и Индија. Во моментов е член на Управниот одбор на Autogrill. Исто така е во Советодавниот комитет на Robert Bosch Internationale Beteiligungen и е во Советот на Confindustria (Конфедерацијата на италијанската индустрија). Тој има три деца, Агнес, Тобијас и Луси.
  • Роко Бенетон е роден на 29 септември 1969 година во Тревизо. Тој ,исто така, е син на Лучано и Марија Тереза Бенетон.По студирањето механичко инженерство при Универзитетот во Бостон, тој се преселил во Њујорк, каде што работел во инвестициските фондови, Oppenheimer & Co. и Alpha Investment Management. Во вториот фонд работел како извршен директор. Во 1997 година,тој се преселил во Англија,каде што раководел со тимот Бенетон во Формула Еден до сезоната 2000.Тој потоа се преселил назад во Тревизо, каде што ги основал трговските друштва Zero Rh+ и Oot Group.Во 2003 година,тој привремено се приклучил на одборот на Banca del Gottardo Italia.

Наводи[уреди | уреди извор]