Бенгт Акселсон

Од Википедија — слободната енциклопедија

 Бенгт Акселсон (12 ноември 1929) бил поранешен шведски тенисер.[1]

Тениска кариера[уреди | уреди извор]

Акселсон ја претставувал Шведска во еден натпревар од Дејвис купот, во 1956 година во второто коло во Европската зона против Норвешка, кој се одиграл во градот Осло. Акселсон и неговите соиграчи, Свен Дејвидсон, Улф Шмит и Торстен Јохансон го победиле норвешкиот тим со резултат 5-0, при што Акселсон го победил Нилс - Ерик Хесен во финалето во поединечна конкуренција.[2]

Акселсон играл на првенството на Вимблдон во 1951 година и стигнал до третото коло пред да загуби од Ерик Старџес во четири сета (1:3). Исто така тој заедно со партнерот Стафан Стокенберг стигнал до второто коло во машки двојки (парови).[3]

Акселсон освоил три турнири во текот на 1951 година. На Ментон опен тој бил победник против својот сонародник Бертил Бломквист во финалето. Ги освоил аматерските турнири во Гламорган и Харогејт, победувајќи го Јужноафриканецот Јохан Купфербургер во финалињата на двата турнири.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bengt Axelsson| Player Stats | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Посетено на 2020-04-08.
  2. „Davis Cup - Players“. www.daviscup.com. Посетено на 2020-04-08.
  3. „Bengt Axelsson | Player Activity | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Посетено на 2020-04-11.
  4. „player – Tennisarchives.com“. www.tennisarchives.com. Посетено на 2020-04-11.

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]