Бел габер
| Бел габер | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Carpinus |
| Вид: | Бел габер |
| Научен назив | |
| Carpinus orientalis Mill. | |
| Distribution map | |
Бел (ориентален) габер (науч. Carpinus orientalis) ― вид габер од семејството брези Betulaceae, подсемејство Coryloideae, по потекло од југоисточна Европа и Западна Азија.[2] Доста е толерантен на суви услови и обично се јавува на топли и суви места на пониски надморски височини во споредба со Carpinus betulus (европскиот, обичен габер). Заедно со Carpinus betulus и Carpinus austrobalcanica, тој е еден од трите габери автохтони во Европа.
Опис
[уреди | уреди извор]Белиот габер е обично мало дрво, ретко над 10 метри високо и често е грмушесто. Сепак, може да порасне и во значително дрво до 20 метри во висина.[3] Во споредба со обичниот габер, се карактеризира со генерално помал раст и помали листови, кои се само 3-5 см во должина. Семето има едноставен прицветник, околу 2 см долг.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Овој габер има широка, но нерамномерна распространетост во централниот и источниот Медитеран, Анадолија, Кавказ и Хирканија во Иран. Генерално, неговата распространетост се совпаѓа со југоисточниот дел од оној на обичниот габер, но овој габер продира подлабоко во јужна Италија и Грција. Во Европа, видот е широко распространет во јужната половина на Италија, на јадранскиот брег и на Балканот, главно јужно од Дунав. Во Азија, неговата распространетост станува понерамномерна во крајбрежната Анадолија, но се јавува и низ Кавказ и регионите на Хирканските шуми.[3]
Во Македонија е широко распространет вид во зоната на субмедитеранската вегетација, и се искачува до 1000 метри надморска височина, а на некои места и повисоко.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Кора
- Машки цветови
- Нови лисја
- Женски цвет
- Зрел плод
- Лисна пупка
- Лисја и плод
Наводи
[уреди | уреди извор]| „Бел габер“ на Ризницата ? |
- ↑ Shaw, K.; Roy , S.; Wilson, B. (2014). „Carpinus orientalis“. Црвен список на загрозени видови (англиски). 2014. doi:10.2305/IUCN.UK.2014-3.RLTS.T194499A2342177.en. Посетено на 14 August 2026. Занемарен непознатиот параметар
|article-number=(help) - ↑ „World Checklist of Selected Plant Families: Royal Botanic Gardens, Kew“. Архивирано од изворникот на 2022-01-10. Посетено на 2014-08-18.
- 1 2 „Carpinus orientalis - Trees and Shrubs Online“. www.treesandshrubsonline.org. Посетено на 2024-12-18.
- ↑ Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија. Том I св.2. Скопје: Македонска академија за науките и уметностите. стр. 211-212.
|access-date=бара|url=(help)
|