Прејди на содржината

Бел волк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бел волк
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Кучиња
Род: Волци
Вид: Бел волк
Научен назив
Canis lupus arctos
Pocock, 1935

Бел волк (науч. Canis lupus arctos), познат исто како арктички волк или поларен волкподвид на сивиот волк својствен за високата арктичка тундра на канадските острови Кралица Елизабета.[1][2] За разлика од некои популации кои се движат помеѓу тундра и шумски региони,[3] Арктичките волци го поминуваат целиот свој живот во повисоки предели.[4][5] Нивната дистрибуција на југ е ограничена на северните рабови на средноарктичката тундра на јужната половина од островите Принц на Велс и Сомерсет.[2] Белиот волк е подвид со средна големина, кој се разликува од северозападниот волк по неговата величина, побелата боја, потесниот мозок[6] и поголемите заби во задниот дел од устата.[7] Од 1930 година, има прогресивно намалување на големината на черепите на арктичките волци, што веројатно е резултат на хибридизација на волк-куче.[7]

Таксономија

[уреди | уреди извор]
Кралицата Елизабета Острови, северна Канадаж(карактеристичен регион за белите волци)
Регионот на островите на кралицата Елизабета (QEI) поделен на пет главни области според очигледната важност за волците на арктичките острови.[8][9]

Во 1935 година, британскиот зоолог Реџиналд Покок го доделил името на подвидот Canis lupus arctos (арктички волк) на примерок од островот Мелвил на островите Кралица Елизабета во Канада. Тој потоа напишал дека слични волци се наоѓаат на островот Елесмер. Тој, исто така, го доделил името Canis lupus orion на примерок од гренландски волк од Кејп Јорк во северозападен Гренланд. И двата волци се препознаваат како посебни подвидови на Canis lupus (волк) во таксономскиот орган Видови на цицачи на светот (2005).

Студија на Chambers et al . (2012) користејќи автосомна микросателитска ДНК и митохондријална ДНК податоци покажуваат дека белиот волк нема уникатни хаплотипови што сугерира дека неговата колонизација на Арктичкиот архипелаг од северноамериканското копно се десила во скорото минато, а со тоа била и недоволна за да се гарантира статусот на подвидот.[10] За време на состанокот одржан во 2014 година од Националниот центар за еколошка анализа и синтеза на Службата за риби и диви животни на САД, еден говорник, Роберт К. Вејн, спомна дека не се согласува со заклучокот дека подвидот мора да биде генетски различен, верувајќи дека различни подвидовите може полека да се вградуваат еден во друг - што сугерира дека иако е невозможно да се одреди дали поединечниот волк е еден или друг подвид со помош на ДНК, популацијата на арктичките волци како вид може да се разликува со гледање на пропорциите на еден нуклеотид полиморфизми (SNP): т.е Вејн понатаму изјавил дека верува дека живеалиштето во кое што се наогја волкот е доволно добра одлика за да се разликува подвидот.[11]

Белиот волк обично не се плаши од луѓе и може дури и да биде убеден да им пријде на луѓето во некои области.[12] Волците на островот Елесмер не се плашат од луѓе и се верува дека е поради тоа што толку ретко гледаат луѓе, затоа тие им пристапуваат на луѓе претпазливо и љубопитно.[13][14][15][16] Ото Свердруп напишал дека за време на експедицијата Фрам, два волци следеле еден од експедиционерите во тимот, кој ги држел волците на растојание мавтајќи со неговиот скијачки стап.[17] Во 1977 година, шест волци на островот Елесмер им пришле на пар научници, при што еден од волците скокнал кон еден од научниците и му го допрел образот. Голем број инциденти со агресивни волци се случија во Алерт, Нунавут, каде што волците со децении живееле во непосредна близина на локалната метеоролошка станица и станале навикнати на луѓето. Еден од овие волци нападнал 3 лица, бил застрелан и бил позитивен на беснило.[18]

Арктички волк се храни со труп на мускокс на островот Елесмер

Не се знае многу за движењето на арктичките волци во главно поради климата. Единственото време во кое волците мигрираат е во текот на зимата кога ноќта трае со месеци и има целосен мрак 24 часа. Ова го отежнува истражувањето на движењето на арктичките волци. Околѕ 2,250 километри јужно од Високиот Арктик се одржа студија за движење на волците во зима во целосна темница, кога температурата беше ниска до −53 °C (−63 °F) . Истражувачите откриле дека волците највеќе ловат мускокси. Нема достапни информации за движењето на волците во пределите каде што се наоѓале мускоксените.[19]

Во дивината, арктичките волци во главно ловат мускокси и арктички зајаци. Утврдено е дека тие исто така понекогаш ловат леминзи, карибу, арктички лисици, птици и дури и некои бубачки. Откриено е и дека арктичките волци понекогаш роварат низ ѓубре за да најдат храна, но вој вид на обезбедување на храна е прилично редок во исхраната на белиот волк поради регионалната и сезонската достапност.[20] Понекогаш има дебата дали мускоксот или арктичкиот зајак е примарен плен за предатор-плен системот на овие три животни. Студии обезбедуваат докази дека мускоксите се навистина нивниот примарен плен бидејќи се чини дека присуството и размножувањето на волкот е поголемо кога мускоксот е подостапен отколку при поголема достапност на зајаците.[21] Повеќе придружни докази сугерираат дека мускоксот обезбедува долгорочна одржливост за разлика од зајакот, додека пак другите копитари воопшто не се појавуваат во исхраната на волкот.[22] Доказите кои покажуваат дека арктичките волци зависат повеќе од зајаците тврдат дека зрелата популација на волци била паралелна со зголемувањето на популацијата на зајаците.[23] Студијата понатаму вели дека степенот на зависност помеѓу двата извори на исхрана е неизвесен и дека количината на потрошувачка помеѓу двата вида зависи од сезоната и годината.[23] Дебатата продолжува кога се работи за сезоната и исхраната на младите волци. Според една студија, телињата мускокс служат како примарен извор на храна бидејќи потребите на младенчињата се поголеми [24], но друга студија сугерира дека кога зајаците биле многу пообилни (Mech, 2000), волците најчесто ги хранеле нивните младенчиња со зајаците во текот на летото.[23] Овие разлики може да се припишат и на локацијата. Белите мечки ретко се среќаваат со волци, иако постојат два записи од ситуации кајшто глутница волци убиваат младенчиња на бели мечки.[25]

Конзервација (зачувување на видот)

[уреди | уреди извор]

Белиот волк не е особено загрозен вид, но сепак се соочува со некои опасности. Во 1997 година, имаше пад на популацијата на арктичките волци и нивниот плен, мускоксен ( Ovibos moschatus ) и арктичките зајаци ( Lepus arcticus ). Ова се верува дека е поради неповолните временски услови во текот на летата претходните четири години. Популацијата на арктичките волци се накачи следното лето кога временските услови се вратија во нормала.[26]

  1. Mech, L. David (1981), The Wolf: The Ecology and Behaviour of an Endangered Species, University of Minnesota Press, p. 352, ISBN 0-8166-1026-6
  2. 2,0 2,1 https://ecoregions.appspot.com/
  3. „Wolves“.
  4. „Arctic Wolf - Facts, Diet, Habitat & Pictures on Animalia.bio“.
  5. https://www.coolantarctica.com/Antarctica%20fact%20file/wildlife/Arctic_animals/arctic_wolf.php
  6. Goldman, E. A. (1964). Classification of wolves. In The Wolves of North America Part 2. Young, S. P. & Goldman, E. A. (Eds.) New York: Dover Publs. p. 430.
  7. 7,0 7,1 Clutton-Brock, J.; Kitchener, A. C.; Lynch, J. M. (1994). „Changes in the skull morphology of the Arctic wolf, Canis lupus arctos, during the twentieth century“. Journal of Zoology. 233: 19–36. doi:10.1111/j.1469-7998.1994.tb05259.x.
  8. Miller, Frank (1995). „Wolf-sightings on the Canadian Arctic Islands“. Arctic. 48 (4). doi:10.14430/arctic1253.
  9. Walton, Lyle (2001). „Movement Patterns of Barren-Ground Wolves in the Central Canadian Arctic“. Journal of Mammalogy. 82 (3): 867–876. doi:10.1093/jmammal/82.3.867.
  10. „An account of the taxonomy of North American wolves from morphological and genetic analyses“. North American Fauna. 77: 1–67. 2012. doi:10.3996/nafa.77.0001.
  11. Review of Proposed Rule Regarding Status of the Wolf Under the Endangered Species Act p. 47
  12. Mech, L. D., Arctic Wolves and Their Prey, National Oceanic and Atmospheric Administration, May 30, 2007
  13. Arctic Wolf: The High Arctic by Laura DeLallo. Bearport Publishing, New York 2011
  14. Arctic wildlife in a warming world by Michael Becker. BBC Two, 2014.
  15. Ellesmere Island Journal & Field Notes by Henry Beston 2006. International Wolf Centre.
  16. Arctic Wolves and Their Prey by L. David Mech. National Ocean and Atmospheric Administration, Pacific Marine Environment Laboratory, Actic Zone. 2004
  17. Sverdrup, O. N., (1918), New land; four years in the Arctic regions, Vol. I, London Longmans, Green, pp. 431–432
  18. Linnell, J.D.C., et al. (2002)., NINA, pp. 29–31, ISBN 82-426-1292-7
  19. Mech, David (2011). „Movements Of Wolves At The Northern Extreme Of The Species' Range, Including During Four Months Of Darkness“. PLOS ONE. 6 (10): e25328. Bibcode:2011PLoSO...625328M. doi:10.1371/journal.pone.0025328. PMC 3186767. PMID 21991308.
  20. Marquard, Peterson (1998). „Food Habits of Arctic Wolves in Greenland“. Journal of Mammalogy. 79 (1): 236–244. doi:10.2307/1382859. JSTOR 1382859.
  21. Mech, David (September 1, 2005). „Decline and Recovery of a High Arctic Wolf-Prey System“. Arctic. 58 (3). doi:10.14430/arctic432. Архивирано од изворникот на July 26, 2020.
  22. Marquard-Petersen, Ulf (2012). „Decline and Extermination of an Arctic Wolf Population in East Greenland“. Arctic. 65 (2). doi:10.14430/arctic4197.
  23. 23,0 23,1 23,2 Mech, David (September 1, 2007). „Annual Arctic Wolf Pack Size Related to Arctic Hare Numbers“. Arctic. 60 (3). doi:10.14430/arctic222.
  24. Marquard, Peterson (October 2009). „Abundance, social organization, and population trend of the arctic wolf in north and east greenland during 1978–1998“. Canadian Journal of Zoology. 87 (10): 895–901. doi:10.1139/z09-078.
  25. Richardson, E.S; Andriashek, D (2006). „Wolf (Canis lupus) Predation of a Polar Bear (Ursus maritimus) Cub on the Sea Ice off Northwestern Banks Island, Northwest Territories, Canada“ (PDF). Arctic. 59 (3): 322–324. doi:10.14430/arctic318. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-08-08. Посетено на March 16, 2010.
  26. Mech, David. L (2005). „Decline and Recovery of a High Arctic Wolf-Prey System“. Arctic. 58 (3): 305–307. doi:10.14430/arctic432. JSTOR 40512716.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]