Прејди на содржината

Белска воденица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белска воденица
Каракашка воденица
Општи податоци
Видводеница
ГрадКочани
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови1

Белска воденица или Каракашка воденица — македонска традиционална воденица на Кочанска Река што се наоѓа северно од градот Кочани, во областа Бавчалак, на патот кон браната Гратче. Таа е последна активна воденица на реката.[1][2]

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Според усните преданија, воденицата предокот на денешните сопственици, Јован Ангелов, ја купил од жител од Бели, Каракаш, па оттаму доаѓаат двете верзии на името — Белска или Каракашка воденица.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Некогаш во овој дел на Кочанска Река, имало 28 активни воденици кои покрај за месното население, мелеле жито и за населението од Овчеполието. Според некои преданија Белската воденица е стара 600 години. Првично била изградена од плет, а пред Првата светска војна била обновена, сегашните ѕидови биле изградени пред 130 години. Од 1963 до 1988 година, по изградбата на браната Гратче, воденицата не работела. Во 1988 година, Василко Ангелов ја обновил воденицата и оттогаш неговите синови Зоран и Ванчо ја одржуваат традицијата.[2]

Воденицата работи повременo, повеќе за зачувување на традицијата отколку комерцијално. Вода за погон на воденицата се обезбедува со јаз долг 600 метри. Воденички камења се набавуваат од Лесново или од стари воденици. Во последно време како корисници се јавуваат продавниците за здрава храна. [3]

  1. ↑ Милевски, Ивица, Зоран Тунтев, Ирена Ружин, Виолета Јанкова, Јане Вртески, Звонко Наумоски. Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион (PDF). стр. 85.
  2. 1 2 3 „Воденица стара шест века и денес меле жито“. Општина Кочани. 26.03.2018. Архивирано од изворникот на 2025-07-09. Посетено на 16 јуни 2025. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. ↑ „Последната воденица на Кочанска Река“. Општина Кочани. 26.03.2018. Архивирано од изворникот на 2018-12-29. Посетено на 16 јуни 2025. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)