Бело Езеро (Русија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бело Езеро, областа Вологда

Езеро Белоје или Бело Езеро (руски: Бе́лое о́зеро, ИПА: [ˈbʲɛləjə ˈozʲɪrə], Veps: Vaugedjärv или Valgjärv, на двата јазика значењето е Бело езеро) е езеро во северозападниот дел на Вологотската област во Русија. Административно, езерото е поделено помеѓу областа Белозерски (југ) и округот Вашкински (север) од Вологотската област. Градот Белозерск, се наоѓа на неговиот брег. Во однос на површината, Белото езеро (Белоје) е второ природно езеро по големина во таа област (веднаш зад езерото Онега). Тоа е едно од десетте најголеми природни езера во Европа.

Географија[уреди | уреди извор]

Басенот на езерото вклучува делови од областите Белозерски, Вашкински, Бабајевски и Витегорски во областа Вологот, како и помали области во областа Каргополски во Архангелска област. Поголемиот дел од сливот лежи северно од езерото, на ридовите Андома и вклучува помали езера. Многу од нив се од глацијално потекло. Такви езера се: Ковжское, езерото Кемское, езерото Кустозеро, езерото Шолское, езерото Дружиноје и јужно од Белото, езерото Лозскоје.

Езерото има приближно кружна форма со пречник од 46 километри. Неговата површина е 1.290 квадратни километри, а површината на сливот е 14.000 квадратни километри (5.400 квадратни милји). Главните притоки на Белото езеро се Ковжа, Кема и Мегра.

Самото Езеро заедно со Белозерскиот канал околу него се дел од водниот пат на потегот Волга - Балтик. Белозерскиот канал е изграден за да ги поврзе реките Шексна и Ковжа со цел да се заобиколи езерото, каналот го следи јужниот и западниот брег на езерото.

Историја[уреди | уреди извор]

Според примарната хроника и историските записи, Синеус, брат на Рурик, станал принц на Белото Езеро во 862. Ако ова би бил точен и проверен запис тогаш градот Белозерск би бил еден од најстарите градови во Русија. Сепак, најверојатно Синеус никогаш не постоел и најраните археолошки податоци околу Белозерск и самото Бело Езеро потекнуваат од 10 век. Од X па сè до XIII век областа била контролирана од Република Новгород, потоа во XIII век била дел од Кнежевството Бело Езеро, а во XIV век влегла во Големото Војводство Москва.

Системот на каналот Маринск е конструиран на почетокот на XIX век, а по реконструкцијата во XX век станал дел од водениот пат Волга - Балтик.