Белотинско Езеро
Изглед
| Белотинско Езеро Λίμνη Λευκογείων | |
|---|---|
Белотинското Езеро на карта | |
| Подрачје | Драмско, Егејска Македонија |
| Координати | 41°24′02″N 23°54′41″E / 41.4005°N 23.9114°E |
| Вид | вештачко |
| Главни приливи | Пикла |
| Сливни земји | Грција |
| Површина | 0,9 км2 |
| Зафатнина | 13.000.000 км3 |
| Надм. височина | 320 м |
Белотинско Езеро (грчки: Λίμνη Λευκογείων, Лимни Левкогион) — вештачко езеро на реката Пикла во Драмско, Егејска Македонија.
Создадено е во 1994 г. со изградбата на брана со должина од 320 м. Се наоѓа на 8 км од општинското седиште Зрново, источно од селото Белотинци (Левкогија), по кое е наречено. Зафаќа површина од 0,9 км2, а вкупната зафатнина на акумулациониот базен изнесува 13.000.000 м3. По северните брегови има мочурливи површини, а особеност на езерото се малите фјордови и насечената морфологија на брегот.[1][2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Τεχνητή Λίμνη Λευκογείων“. Natura Graeca. Посетено на 28 мај 2026.
- ↑ „Λίμνη Λευκογείων“. Κάτω Νευροκόπι. 18 Αυγούστου, 2019. Посетено на 28 мај 2026. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help)[мртва врска]
| ||||||||||||||
