Белоруските протести од 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Белоруските протести од 2017
Дел од Белоруското демократско движење
Belarus protest.jpg
Авенијата на независност во Минск, блокирана од полицијата за немири (25 март 2017)
Датум17 февруари 2017[1] – околу 1 мај 2017
МестоПочнувајќи во Минск, ширејќи се низ Белорусија
ПоводОданочување на невработените (Уредба број 3)
Цели
НачиниПротести
Состојбаактивна
Страни во судирот

Белорусија Опозиција:

  • Обединета цивилна партија
  • Белоруска христијанска демократија
  • Белоруска социјалдемократска партија
  • Анархисти[2]

Белорусија Влада:

  • MUS Belarus crest.PNG Министерство за внатрешни работи
Број
2,000 демонстранти (најмногу)[3]
Непознато
Настрадани
Задржанинад 700[4]

Серија на улични протести против претседателот Александар Лукашенко избувнаа при крајот на февруари во 2017 година. Демонстрантите се мобилизирале против данокот против невработените во Белорусија. Демонстрации и маршеви биле одржани во повеќе локации низ земјата, со димензии од неколку стотини до неколку илјадници демонстранти во дадено време.

Контекст[уреди | уреди извор]

Белорусија веќе неколку години е опишувана како „последната диктатура на Европа“, без можност за вистинска политичка опозиција против Лукашенко.[5] Претходните протести во 2011 и 2015 година резултирале со масовни апсења. Земјата исто така влезе во економска рецесија од 2015 година поради паѓањето на цените на бензин и истата година беше донесен закон за оданочување на невработените.[1] Околу 470,000 Белоруси биле должни да го плаќаат данокот, но само околу 10% го плаќале.[1]

Активности[уреди | уреди извор]

Околу 2.500 демонстранти[6] излегле на улиците на главниот град Минск на 17 февруари за да протестираат против законот според кој секој кој работи помалку од 183 дена[7] годишно треба да плаќа 250$ за "изгубени даноци".[3] (Ова се конвертира во околу 5 милиони рубљи—половина од месечната плата).[1] Законот беше непопуларен и исмејуван во јавноста како "закон против општествените паразити".[1] На 19 февруари, уште 2,000 демонстрираа во Гомељ.[3] Двете демонстрации биле мирни и без интервенции од страна на полицијата. Помали демонстрации биле одржани во другите градови.[6]

На 25 март, лидерот на опозицијата Владимир Неклиајев, кој требаше да одржи говор за време на главниот протест беше запрен на границата наутро додека патувал кон Минск, според неговата сопруга.[8]

Владата ги бранеше масовните апсења и тепањата на граѓаните, тврдејќи дека полицијата пронајде "бензински бомби и автомобили полни со оружје" во близина на протестот во Минск.[9]

Хронологија на настаните[уреди | уреди извор]

19 февруари[уреди | уреди извор]

  • Брест – митинг на околу 100 демонстранти.[10]
  • Гомељ – процесија (од околу 1.500 до 3.000 луѓе)[11]
  • Гродно – неколку десетина луѓе марширале до општинската администрација[12]
  • Витебск – собир на околу 250 луѓе[13]
  • Могиљов – собит на 200 луѓе[14]

26 февруари[уреди | уреди извор]

  • Брест – митинг на околу 300 учесници.
  • Барановичи – митинг на околу 300 учесници.
  • Бабрујск – се собраа околу 1.500 демонстранти.[15]
  • Витебск – повеќе од 2.000 демонстранти се собрале во близина на Пјерамохскиот плоштад. Ова беше значително повеќе од претходната недела. По половина час, демонстрантите од Пјерамохскиот плоштад тргнале кон Свабодниот плоштад (Плоштадот на слободата), каде што биле лоцирани градскиот извршниот одбор и регионалниот извршниот одбор. Група на провокатори со покриени лица извикуваа "Слава за Русија" на Плоштадот на слободата, но демонстрантите не ги поддржувале и провокаторите го напуштиле протестот. По мал митинг, протестот заврши.

5 март[уреди | уреди извор]

  • Брест – митинг и процесија од 1,000 до 2,000 луѓе.[16]

Градоначалникот на Брест се сретна со демонстрантите.

10 март[уреди | уреди извор]

  • Молодечно – имало митинг на Централниот плоштад, говори, усвојување на резолуција и процесија. Бројот на демонстранти беше од 500 до 1.000.

По митингот организаторите добиле 15 дена притвор[17]

На 11 март[уреди | уреди извор]

  • Во Пинск околу 350 до 400 луѓе се собраа на плоштадот.[18]

12 март[уреди | уреди извор]

  • Брест – на плоштадот се собрале 200 луѓе[19]
  • Бабрујск – околу 700 демонстранти се собраа на Пјерамохскиот плоштад, митингот беше спонтан, не биле присутни лидери на опозициите.[20][21][22]
  • Орша - повеќе од 1.000 луѓе биле присутни. Пред митингот, новинарите беа притворени за да се проверат нивните документи[23]
  • Рагачов - биле присутни околу 400 учесници. Лидерите не биле на митингот. Луѓето дискутирале за актуелната влада и за тоа дали постои алтернатива на истата и се пожалиле за недостиг на работа.[24]

15 март[уреди | уреди извор]

  • Могиљов – Повеќе од 500 жители на Могиљов отишле на протестот[25]

На протестот дошол и член на парламентот - Игор Марзалјук; пет лица биле уапсени[26]

  • Минск – од киното "Кастричник" до Плошча Бангалор и паркот Дружби народау поминале од 1,5 до 4,5 илјади луѓе, демонстрантите извикувале "Долго да живее Белорусија", "Не за уредбата број 3 – Лукашенко да си отиде!"[25]

Околу 40 луѓе беа притворени во Минск.[27]

  • Гродно – средбата започна со 300 демонстранти.[28] На крајот од протестот на плоштадот имало околу 1.000 демонстранти.[29][30]

25 март[уреди | уреди извор]

Минск, Картричницкаја плошча, 17 февруари.
  • Минск – Неколку илјади луѓе излегоа на протест[31]

1 мај[уреди | уреди извор]

  • Минск – 400 луѓе се собраа на забранет протест и покрај притворувањето на Микола Статкевич, лидерот на опозицијата и главниот организатор на настанот.[32]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Makhovsky, Andrei (17 February 2017). „Thousands of Belarussians Take to the Streets to Protest 'Parasite Law'. Reuters. 
  2. Rudnik, Alesia (17 March 2017). „Anarchists, the avangarde of social protests in Belarus“. Belarus Digest. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Makhovsky, Andrei (19 February 2017). „Belarus Tax Protests Spread Beyond Capital“. Reuters. 
  4. Cпіс ахвяраў пераследу за акцыі грамадзянскага і сацыяльнага пратэсту: на 27 сакавіка – больш за 700 чалавек
  5. Andrew Osborn. „Alexander Lukashenko: 'Europe's Last Dictator'“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 20 декември 2010 (посет. 17 јануари 2012 г).
  6. 6,0 6,1 Spate of Protests Breaks Out in Belarus“, 19 февруари 2017.
  7. Andrei Sannikov (2017-03-15). 'We are not slaves': Europe's most repressive state is reawakening“. The Guardian. конс. 2017-03-15. 
  8. „Scores detained after defying Belarus protest ban“. Al Jazeera. 
  9. „Belarus Protests: Government Defends Mass Arrests“. BBC. 26 March 2017. 
  10. „В Бресте активисты кампании "За наш город" провели акцию за отмену декрета "о тунеядцах". News.tut.by. конс. 2017-03-14. 
  11. Артем А. Кобзев (2017-02-19). „В Белоруссии прошли массовые протесты против "декрета о тунеядстве": Белоруссия: Бывший СССР“. Lenta.ru. конс. 2017-03-14. 
  12. „UPD."Марш рассерженных белорусов": в Гродно на акции против декрета о тунеядцах собралось несколько десятков человек“. 015.by. конс. 2017-03-14. 
  13. "Ситуация касается каждой семьи". Около 250 витеблян протестовали против налога на тунеядство“. News.tut.by. конс. 2017-03-14. 
  14. „В областных центрах Беларуси прошли митинги против налога на тунеядство — Барановичи. Intex-press — Новости Барановичского региона“. Intex-press.by. конс. 2017-03-14. 
  15. Тысячи людей вышли на улицы в Витебске и Бобруйске“, „Наша Ніва“ (посет. 26 февруари 2017 г). (на ru)
  16. „В Бресте проходит акция против налога на "тунеядство" – РИА Новости, 05.03.2017“. Ria.ru. 2017-03-05. конс. 2017-03-14. 
  17. „Лебедько, Рымашевский и Губаревич получили по 15 суток за организацию "Марша нетунеядцев". News.tut.by. конс. 2017-03-14. 
  18. „В Пинске на "Марш нетунеядцев" собралось более 400 человек :: Сильные Новости — Гомель сегодня“. Gomel.today. конс. 2017-03-14. 
  19. „В регионах снова прошли "Марши нетунеядцев". Не обошлось без задержаний“. News.tut.by. конс. 2017-03-14. 
  20. „В Бобруйске среди ночи милиция задержала четырех человек“. Belaruspartisan.org. конс. 2017-03-14. 
  21. Радыё Свабода (2017-03-12). „В Бобруйске проходит "Марш нетунеядцев". конс. 2017-03-12. 
  22. Charter97.org (2017-03-12). „Жители Бобруйска: "Лукашенко, уходи! Нет тебе больше места среди народа!". конс. 2017-03-12. 
  23. „Выступы за адмену дэкрэта №3 перараслі ў дэманстрацыі за адстаўку Лукашэнкі: 18 чалавек затрымана ў Оршы“. Nn.by. конс. 2017-03-14. 
  24. Новости. „В регионах снова прошли "Марши нетунеядцев". Не обошлось без задержаний“. News.tut.by. конс. 2017-03-14. 
  25. 25,0 25,1 „Жители Могилева вышли на улицы (Видео, онлайн) – Хартыя'97 :: Навіны з Беларусі – Беларускія навіны – Рэспубліка Беларусь – Мінск“. Charter97.org. конс. 2017-03-15. 
  26. „В Могилеве прошел "Марш нетунеядцев", к собравшимся вышел депутат Марзалюк“. News.tut.by. конс. 2017-03-15. 
  27. „После "Маршей нетунеядцев" в Минске, Гродно и Могилеве прошли задержания“. News.tut.by. конс. 2017-03-15. 
  28. „In Grodno around 300 people for "Not Parasites" march – Belarus, Minsk, Lukashenko, News of Belarus, Live Map of Belarus“. Belarus.liveuamap.com. конс. 2017-03-15. 
  29. „Гродненчане вышли на марш протеста (видео, онлайн) – Хартыя'97 :: Навіны з Беларусі – Беларускія навіны – Рэспубліка Беларусь – Мінск“. Charter97.org. конс. 2017-03-15. 
  30. „UPD."Марш рассерженных белорусов": в Гродно на акции против декрета о тунеядцах собралось несколько десятков человек“. 015.by. конс. 2017-03-15. 
  31. „Hundreds Of People Detained In Minsk“. конс. 25 March 2017. 
  32. http://abcnews.go.com/International/wireStory/belarus-protest-draws-400-main-organizers-arrest-47131120