Белоруска готика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Large brick church, seen from street level
16 век, Црквата Св. Михаил, Синкавичи

Белоруска готика (белоруски беларуская готыка), (руски белоруска готика) опфаќа споменици на архитектурата од XV век во Белорусија.

Овој стил на архитектура може да се најде во делата на современата Белорусија, Литванија и Источна Полска.[1]

Зградите имаат елементи од вообичаената готска архитектура, но имааат и детали што не би се сметале за готски во Средна Европа и Западна Европа.[2]

Услови на градење[уреди | уреди извор]

Од крунисувањето на великиот војвода Владимир Велики руската архитектура била под големо влијание на архитектурата на Византија.

Во тој период монголските наезди извршиле сериозни рушења, особено во црковната архитектура.

Во периодот од XI век и првата деценија на XIV век, руските кнежевства на територијата на денешна Белорусија постепено стапиле под власта на Големото војводство на Литванија, паганска држава која се спротивставувала на католичкиот поредок тевтонски витези , стекнувајќи се со голема моќ во XIV век. Во рамките на Големото војводство на Литванија, руските земји, првично ја задржале автономијата. Самите пагански Литванци постепено го пруфаќале православието и се асимилирале во руската култура. Сепак, со време самата Литванија подпаѓала под полско влијание. Готскиот стил стигнал до источните Словени во овој период, во време на големи историски превирања. Југот на денешна Литванија бил населен со литванско мнозинство и никогаш не бил дел од Русија, но условите биле слични во двата региона. Литванија има скоро ист број споменици од овој стил на градба како Белорусија.

Во тој период, во Вилнус, била изградена Православната катедрална црква на Блажената Дева Марија кој се сметала за почеток на готскиот стил. Ова се случило пред ренесансата да стигне до Средна Европа и пред литванската држава да стане католичка[3].

Особености[уреди | уреди извор]

Белоруската готика е спој на Византиска, како и готската и ренесансна архитектура.

  • Материјал: Некои згради имаат сличности со готскиот стил на градење со тули на северна Германија, додека други се целосно малтерисани.
  • Лакови: црковните прозорци обично имаат остри лакови, додека слепи арки и останатите архитектонски елементи имаат заоблени лакови.

Наоѓајќи се помеѓу две различни влијанија - православието и протестантството, католицизмот, белоруската архитектура развила своевидна синтеза која е на границата од овие црковни движења и како таква никогаш не успеала до крај да се дефинира како специфичен оригинален и национален стил[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]