Беломорец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Беломорец
Насловна страница на Беломорец
ТипДневен весник
УредникИ. Неделков
Основан2 ноември 1912; пред 111 година (1912-11-02)
Јазикмакедонски
Престанал7 ноември 1912

Беломорец – дневен политичко-општествен весник кој излегувал од 2 до 7 ноември 1912 година во Солун. Го уредувале Ангел Томов, К. Димитров, Павел Шатев (подоцна заменет со Емануел Лјапчев) и И. Неделков (одговорен уредник). Бил печатен во печатницата на К. Тенчов. Објавени биле вкупно 6 броја. Во првиот број се декларирал како продолжение на весникот „Право“. Се појавил во времето на воспоставувањето на бугарската окупација на Солун и се залагал за „најчистиот демократизам“, со Македонија во границите на Бугарија. Грчката воена цензура го дала на суд (5. XI 1912), по што бил продаден на група еврејски новинари кои продолжиле да го издаваат под истото име, но на француски јазик.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 143. ISBN 978-608-203-023-4.