Бели автобуси (операција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Автобуси на шведскиот црвен крст, веројатно во близина на нивното седиште во Фридрихсру.
На 19 април 1945 година, белите автобуси започнаа да ги возат затворениците од концентрационите логори надвор од Германија. Како млад регрут, Стиг Свенсон бил волонтер возач во еден од автобусите на белиот Црвен крст. - Никогаш нема да заборавам низ што поминав, рече тој во едно интервју во 1992 година.

Операцијата „Бели автобуси“ била операција на шведскиот црвен крст и данската влада која се оддржала пролетта 1945 година со цел да се спасат затворениците на концентрационите логори во области под контрола на Нацистичка Германија и да се превезат до Шведска како неутрална држава.