Белица (Кичевско)

Координати: 41°24′11″N 20°56′57″E / 41.40306° СГШ; 20.94917° ИГД / 41.40306; 20.94917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Белица

Панорамски поглед на селото

Белица во рамките на Македонија
Белица
Местоположба на Белица во Македонија
Белица на карта

Карта

Координати 41°24′11″N 20°56′57″E / 41.40306° СГШ; 20.94917° ИГД / 41.40306; 20.94917
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Копачка
Население 54 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6255
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12004
Надм. вис. 792 м
Слава Свети Александар
Белица на општинската карта

Атарот на Белица во рамките на општината
Белица на Ризницата

Белица — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е споменато како „Белица“ во XV век.

За значењето на името има неколку мислења:[2]

  • потекнува од бел (спротивно на „црн“) + -ица, семантички еквивалент на Бела Река;
  • образување на придавката „бел“; и
  • од белица, некој вид на глинеста бела земја.

По народно предание, селото го добило своето име од белиот камен (белутрак), кој го има во овој крај.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на јужната страна на Кичевската Котлина, чиј атар се издига на источната падина на Илинска Планина и се допира со подрачјето на Општина Дебрца.[4] Селото е ридско, на надморска височина од 760 метри. Од градот Кичево е оддалечено 21 километар.[4]

Белица е сместена во крајниот јужен дел на Кичевската Котлина. Се наоѓа во горниот тек на Беличка Река, десна притока на Треска. Беличка настанува со спојување на две помали реки, Горна и Темна. Горна Река тече од југоисточна страна, а Темен Дол од југозападна страна.[3]

Со долината на реката, селото е отворено кон север. Од другите страни е обиколени од шумски делови.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Стара лоза, Карма, Острец, Темни дол, Крушје, Градиште, Шеоец, Старцине, Црвејнца, Рамни, Кармиче, Чуркоец, Требејнци, Попов дол, Горна река, Присој и Цветков извор.[3]

Селото има збиен тип, а куќите на поединечните родови се заедно. Поголемите групи куќи на родовите ги носат следниве називи: Куслевци, Мурговци, Костевци, Галдевци и други.[3]

Белица е доста богата со вода и покрај бројните извори се наоѓаат и врелата на две реки кои се слеваат во една и ја образуваат Беличка Река која во близината на село Другово се влева во Велика Река (Треска). Атарот на селото Белица граничи со атарите на следните села: од запад и југозапад со селата Мраморец и Слатино, од југ со Прострање, од север и североисток со Козица и Кладник, и од исток со селата Мало и Големо Црско.

Историја[уреди | уреди извор]

Споменик во селото

Возвишението Градиште се наоѓа на планинскиот масив југозападно од селото, каде се наоѓа изворот на Темен Дол. Меѓу народот се верува дека потекнува од римско време.[3]

Белица било старо село во Кичевско, кога е споменато и во првите турски дефтери од 1467/68 година, меѓутоа тоа село подоцна пропаднало. На атарот на селото постоело и помала населба на месноста Горно село, источно од денешното. Три македонски домаќинства од тоа село се преместиле во денешното село. Од нив потекнуваат родовите Куслевци, Дуковци и Миовци.[3]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 68 семејства, 4 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[5]

Населението од ова село активно има учествувано во Брсјачката Буна, како и во Илинденското Востание.

Во XIX век, Белица било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 31 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.112,9 хектари, на пасиштата отпаѓаат 698,1 хектар, а на обработливото земјиште 243,7 хектари.[4]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[4]

Во минатото селото имало работилница за изработка на килими, во која работеле 30 работници.[3]

Во регионот каде се наоѓа Белица владее пријатна умерено континентална клима поволна за одгледување на бројни земјоделски култури од кои најзастапени се пченката и компирот. Оваа клима пријатно годи на овошките како јаболка, црешни, сливи и друго. Регионот на Белица е богат со шуми од кои најзастапен е дабот и борот. Порано селото било доста богато со овци и кози кои броеле неколку илјади од кои денес има останато многу малку.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948873—    
1953878+0.6%
1961702−20.0%
1971466−33.6%
1981248−46.8%
ГодинаНас.±%
1991162−34.7%
1994115−29.0%
2002103−10.4%
202154−47.6%

Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства и 240 жители мажи.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Белица имало 750 жители.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Белица имало 824 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Белица се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 100 куќи.[9]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Белица:[10]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
120 110 217 49 266 153 240 393

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[11]

Во минатото Белица било голема населба, која подоцна преминала во средна, а со текот на намалувањето на населението, денес е мало село, како и останатите во околината на областа Копачка.

Белица е зафатена со значителна отселување, бидејќи бројот на населението се намалил од 702 жители во 1961 година, на 115 жители во 1994 година, македонско население.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Белица живееле 103 жители, од кои 102 Македонци и 1 останат.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 54 жители, од кои 52 Македонци и 2 лица без податоци.[13]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 750 824 873 878 702 466 248 162 115 103 54
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Родови[уреди | уреди извор]

Белица е македонско православно село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите на XX век родови во селото се:

  • Староседелци: Куслевци (22 к.), Дуковци (10 к.) и Миовци (8 к.), порано живееле во месноста Горно Село, во атарот на селото Белица.
  • Останати родови:
    • Родови со познато потекло: Момировци (11 к.) и Степановци (7 к.), доселени се од селото Сопотница, Железник; Радевци (6 к.), доселени се од некое место во Албанија; Запатовци (1 к.), доселени се од раселениот град Закамен, Малесија; Поповци (1 к.), доселени се од селото Манастирско Доленци и Поповци (1 к.), доселени се од селото Цапари, Битолско.
    • Родови со непознато потекло: Мрлевци (5 к.) и Кочовци (3 к.), порано биле еден род; Блажевци (4 к.), Лакаровци (3 к.), Пуревци (2 к.), Волкановци (1 к.), Шулевци (1 к.), Костевци (13 к.), Галдевци (8 к.), Мурговци (12 к.), Соколовци (4 к.) и Василевци (3 к.).

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:

  • Доселеници: Вокановци (4 к.), Трпковци (5 к.), Блажевци (3 к.), Кокошаровци (6 к.), Момировци (11 к.), Радевци (4 к.), Степановци (2 к.), Мурговци (12 к.), Станојовци (12 к.), Малчевци (1 к.), Стојчевци (1 к.), Куслевци (15 к.), Костевци (11 к.), Мрлевци (2 к.), Кочовци (3 к.), Младеновци (4 к.), Голдевци (8 к.), Запатовци (1 к.), Соколовци (4 к.), Дуковци (18 к.), Поповци (3 к.), сите родови се доселени од Струшко од селото Белица и Лактиње во Дебрца.[18]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Брждани, во која покрај селото Белица, се наоѓале и селата Брждани, Видрани, Јудово, Козица и Свињишта.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0758 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом.[19]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 44 гласачи.[20] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 43 гласачи.[21]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[22]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед кон главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[23]
Цркви[24]
Споменици
Реки[25]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Традиционално, во селото има прослави и собири за:

Личности[уреди | уреди извор]

Спомен-чешма за загинатите во НОБ
Родени во Белица
Починати во Белица

По потекло од Белица[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото се одржува мал фудбалски турнир на 26 мај.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Според мештаните, од Белица се имаат отселено околу 100 македонски домаќинства. Најголем дел од нив по Втората светска војна. Иселеници може да се најдат во Кичево, Битола, Битолско, Тетово, Белград, Бугарија, Романија и Северна Америка.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 44–45.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 100–101.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 24. Посетено на 1 јануари 2019.
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 230
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 90-91.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
  10. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 јануари 2019.
  13. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  14. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  15. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  16. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  17. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  18. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
  19. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 јануари 2019.
  20. „Локални избори 2017“. Посетено на 3 јануари 2019.
  21. „Референдум 2018“. Посетено на 3 јануари 2019.[мртва врска]
  22. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  23. Коцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  24. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  25. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 12. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  26. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 12.
  27. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 19.
  28. Розалин, Димитър. Страданията на 323 македонски затворници в Дијарбекир, през 1903-1904, Спомени от бившия заточеник Георги Т. Ачков, София, 1923, печ. „Розова долина“, стр. 12.
  29. проф. Ванѓелко Лозаноски
  30. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  31. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  32. 32,0 32,1 32,2 32,3 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  33. Ивановски А., Владо (1973). Ослободителната војна во западна Македонија 1941-1945. Скопје.
  34. Ристески Стојмир; Петровски Трајан (1972). Огненото лице на Дебарца. Скопје: Мисла.
  35. Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945 година. Охрид. 1976.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]