Прејди на содржината

Бела сабота (празник)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бела сабота се нарекува саботата пред празникот Ѓурѓовден. Во источните делови на Македонија Бела сабота се смета за празник кој е поврзан со обредни дејствија за заштита од временски непогоди. Поради тоа, се избегнува работење на тој ден.[1]

Бела сабота во Источна Македонија[1]

[уреди | уреди извор]

Според народните верувања во радовишко, Бела сабота е сестрата на св. Ѓорѓи. Жените не извршуваат никаква работа на тој ден, со цел да се заштитат „за од град“. Во Малешевијата, Бела сабота се слави со цел класот на житото да не биде празен. Во Горноџумајско, девојките и жените изглегуваат да берат билки пред изгрејсонце, за потоа, со билките ги закиснуваат во котле со вода крај реката, и три пати да испеат една обредна песна:

,,Што е рано мома станала, станала...

На река е отишла, отишла, и вода е налила, налила...".

Откако ќе ја испееле песната, според народните верувања немало да паѓа град. Цветната вода потоа ја носеле дома и ја ставале во крма со која се закрмувале овци. Со зелени гранчиња се украсувале портите на куќите, трлата и се одвојувале јагнињата од овците. Во другите делови од Македонија, овие обичаи се практикуваат на празникот Ѓурѓовден или квечерината спроти празникот.

  1. 1 2 Ковачева, Боцева, Лидија, Лутеција (2014). Речник на македонските народни празници, обичаи и верувања. Скопје: Центар за културно и духовно наследнство. стр. 48. ISBN 978-608-65683-0-6.