Бела имела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бела имела
Бела имела на топола
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Сандаловидни
Семејство: Сандали
Род: Имела
Вид: Бела имела
Научен назив
Viscum album
L.

Бела имела или обична имела (науч. Viscum album) — полупаразитско растение распространето во умерените и топлите краишта на светот. Опфаќа неколку семејства од редот сандаловидните (Santalales).

Во Европа расте белата имела со проѕирни зрнца. Таа живее на тополите, липа|липите, брестовите и брезите, а ја има по леските, јаворите, јасените и на дабовите.

Имелата во народната медицина[уреди | уреди извор]

Имелата се споменува во нордиските и келтските легенди, кои ѝ припишувале божествени својства - машкост и плодност. исто така, Галите и Келтите ја употребувале како лек за многу болести, а подоцна неа ја ценеле многу познати лекари, како: Хипократ, Рудолф Штајнер и Себастијан Кнајп. Денес, собирачите на лековите треви ја сметаат за корисна при третманот на епилепсијата и другите невролошки нарушувања, бидејќи веруваат дека го зајакнува централниот нервен систем. Исто така, имелата се цени поради благотворното дејство за женските репродуктивни органи, за кардиоваскуларните заболувања, за системот на варење итн. Во антропозофската медицина, чиј творец е Рудолф Штајнер, имелата е ценета поради цитостатското дејство врз туморите. Врз нејзина основа се развиени лековите „Iscador“ и „Helixor“. Сепак, многу лекари од официјалната медицина ја сметаат имелата за бескорисна, па дури и штетна, поради тоа што содржи токсини.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Е.Т.Е., „Имелата ги разорува канцерогените клетки“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 30-31.