Бела Црква (Костурско)

Координати: 40°24.22′N 21°15.23′E / 40.40367° СГШ; 21.25383° ИГД / 40.40367; 21.25383
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бела Црква (Населичко))
Бела Црква
Ασπροκκλησιά
Поглед на Бела Црква
Поглед на Бела Црква
Бела Црква is located in Грција
Бела Црква
Бела Црква
Местоположба во областа
Бела Црква во рамките на Рупишта (општина)
Бела Црква
Местоположба на Бела Црква во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°24.22′N 21°15.23′E / 40.40367° СГШ; 21.25383° ИГД / 40.40367; 21.25383
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000703000000703 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно358
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Бела Црква (грчки: Ασπροκκλησιά, Аспроклисија; претходно Μπελατσέρκβα, Белацерква[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа ов најисточните пазуви на планината Одре во областа Костенарија, на 6 км јужно од Рупишта. Меѓу Бела Црква и соседното село Нестиме има праисториска скаменета шума.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Атанасиј“, сместена на половина километар западно од селото крај патот за Нестиме, е изградена во 1851 г., но во неа има зачувано поствизантиски икони од постар храм.[4] На крајот од XIX век Бела Црква било македонско село во Населичката каза. Селото се наоѓало на самата македонско-грчка етничка граница — на југ има само грчки (т.е. погрчени македонски) и влашки села. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бела Црква имала 210 жители Македонци христијани.[5][6]

На почетокот на XX век жителите на Бела Црква биле под врховенството на Цариградската патријаршија. Според Христо Силјанов во април 1904 г. Бела Црква прешла под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Во 1904 г. при реорганизацијата на Костенариот револуционерен реон по Илинденското востание, во селото е создаден револуционерен комитет на ВМОРО.[8]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 240 Македонци под патријаршијата.[5][9]

Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Бѣла-Църква во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката каза.[10]

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Аспроклисија (Ασπροκκλησιά) во 1910 г. имало околу 30 македонојазични семејства „со грчка свест“ (во реалност, не можеле да ѝ се спротистават на патријаршијата). Во селото работело грчко основно училиште со 1 учител и 18 машки ученици.[11]

Според Георги Константинов Бистрицки Бела Црква пред Балканските војни имала 40 македонски куќи,[5][12] а според Георги Христов покрај македонските, имало и една влашка.[13] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Бела Црква имало 25 куќи на Македонци христијани и 4 куќи на погрчени Македонци или Власи.[14] Во селото никогаш не биле доселени грчки колонисти.[3]

На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Бела Црква (Бѣла църква) е означена како македонско село.[5][15]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 257 жители. Во 1920 г. бројот останал непроменет.[3] На пописот од 1928 г. во Бела Црква се заведени 273 лица.[3]

Селото настрадало во Граѓанската војна, кога еден дел жителите го напуштиле. По војната бројот на жители закрепнал.[3]

Месности во Бела Црква преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Бајраци Μπαϊράτσι Керасотопос Κερασότοπος[16]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 410 360 395 354 380 414 419 358
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. ΠΛΜ 11:442
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 8. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. Δήμος Άργους Ορεστικού, Архивирано од изворникот на 23 декември 2010, Посетено на 2021-02-12
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 272. ISBN 954430424X.
  7. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 125.
  8. Шкуртовъ, Кириякъ (1940). „Революционната епоха въ Костенарията – 1903 1908 г.“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Издание на Илинденската Организация. XII (112): 10. Занемарен непознатиот параметар |month= (help); no-break space character во |title= во положба 37 (help)
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 226–227.
  10. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов (уред.) (1996). История на българите в документи 1878 - 1944. I, част втора: Българите в Македония, Тракия и Добруджа. София: Издателство „Просвета“. стр. 247. ISBN 954-01-0558-7.
  11. Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις „Αυγής Αθηνών“, Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 135. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  12. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
  13. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 199. ISBN 954-90993-1-8.
  14. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
  15. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
  16. „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 711. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)