Беким Земоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Беким Земоски
Сопственик на ДЕ-ИНВЕСТ
Страница
https://de-invest.mk/mk/

Беким Земоски, успешен германски/македонски претприемач со богато меѓународно искуство е сопственик на консалтинг компанијата Де-Инвест која е присутна во Македонија од 2007 година и чија главна дејност е консалтинг, проектен менаџмент и инвестиции, а е дел од групацијата која е присутна во ЕУ, Југоисточна Европа, Азија и во Среден Исток, а во својата кариера има и богато политичко искуство.

Животопис[1][уреди | уреди извор]

Роден e на 27 август 1972 година во Струга, каде и го завршил стручното средно образование за машинско инженерство. Образованието го продолжува во Германија на Баварската Академија во Минхен. Земоски има македонско и германско државјанство, а зборува македонски, албански, англиски и германски јазик.

Образование[2][3][уреди | уреди извор]

Земоски го завршува своето средно образование во 1991 година во средното стручно училиште во Охрид на насоката по механичко инжинерство во училиштето Св. Наум Охридски. Своето образование го продолжува во Германија каде што во 1991 ги започнува своите студии по надворешна трговија на Баварската Академија во Минхен. Беким Земоски дипломира на Академијата во 1995 година.

Кариера [4][уреди | уреди извор]

Во 2007-та година Земоски ја формира компанијата Де-Инвест Архивирано на 6 декември 2021 г.. Де-Инвест, чија цел е да воспостави мостови и да ги поврзе бизнис партнерите користејќи го нивното сеопфатно искуство во повеќе области, давајќи посебен аспект на потенцијални капитални инвестиции во Република Северна Македонија. 15 години подоцна по своето формирање, Де-инвест е дел од успешната приказна со раст во ЕУ, Југоисточна Европа, Азија и Среден Исток

„Со нашето присуство во ЕУ, Југоисточна Европа, Азија и Средниот Исток им помагаме на нашите клиенти делотворно да ги совладаат предизвиците со кои би можеле да се соочат во нивниот делокруг и воедно да ги достигнат нивните цели. Во делот на консалтингот нудиме стратешка и оперативна поддршка при пристап на пазарот, локална оперативна поддршка, но и целосно застапување на фирми. Благодарение на поддршката која ја нудиме, секојдневно сме сведоци на резултатите кои ги достигнуваат нашите клиенти, а нашата цел е и да продолжиме да делуваме во оваа насока“, вели Беким Земоски.

Во втората половина на 2021, Земоски најавува и конкретни инвестиции во Република Северна Македонија на ДЕ-Инвест Архивирано на 6 декември 2021 г. во партнерство со интернационални компании. По пристапувањето во НАТО и отпочнување на процесите на преговори со ЕУ, компанијата најави инвестиции на реномирани фондови и капитални проекти.

Покрај Де-Инвест, Земоски до 2018 беше сопственик и на уште една успешна компанија со седиште во Германија. DEUMAK Trading & Consulting GmbH Архивирано на 6 декември 2021 г. нуди консултантски услуги за изработка на развојни стратегии, поддршка за освојување на нови пазари, како и извоз на индустриска опрема.

Во периодот меѓу 2005-та и 2007-ма година, Земоски развива кариерно политичко искуство на домашно и меѓунардоно ниво. Како советник на тогашниот премиер на Република Северна Македонија Владо Бучковски, Земоски ги поддржува процесите на пристапување кон ЕУ и НАТО. Дополнително, неговата политичка кариера продолжува како советник во германскиот владин тим на д-р Тео Вајгел.

Помеѓу 2000-та и 2002-та година ја презема функцијата на регионален менаџер за Североисточна Европа на германската компанија ТЕРТИА АГ. Во својот ангажман како регионален менаџер за ТЕРТИА, Земоски е одговорен за формирањето на претставничките канцеларии на компанијата за Североисточна Европа. За време на својот ангажман работи на проекти со владини институции, како и проекти со бизнис секторот.

Непосредно по своето дипломирање, во 1996 година започнува да работи како менаџер за извоз во компанијата Техно Компекс, Старнберг, Германија. Како дел од ова професионално искуство се занимава со дозволи за извоз, регулативи, процедури, како и процеси со државите од Среден Исток.

Беким Земоски и Тео Вајгел

Членства и функции [5][уреди | уреди извор]

Покрај претприемничкото, Земоски има и меѓународно политичко искуство. Поради своето германско државјанство, тој бил активно вклучен во развојот на германско-македонските односи, а воедно е и еден од основачите и член на одборот на Bayerisch-Makedonische Gesselschaft e.V во Минхен, кој се занимава со билатерални и социјални проекти меѓу двете земји.

Во 2005 година, Земоски станува советник на тогашниот премиер, Владо Бучковски, проширувајќи го владиниот тим со звучни имиња како д-р Ото Шили, поранешен германски Сојузен министер за внатрешни работи и д-р Тео Вајгел, поранешен германски Сојузен министер за финансии во Владата на Хелмут Кол, кои пружаа активна поддршка на Владата сè до 2008 година. Во овој период, Македонија значително го унапреди својот кандидатски статус во Европската Унија и меѓународните позиции, меѓу другото и поради иницирањето стратешки соработки со повеќе германски институции и компании како Сименс и EADS.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почетна“. DE-INVEST. Посетено на 2021-12-09.
  2. „Gepr. Fachwirt/ Fachwirtin für Außenwirtschaft (IHK)“. Weiterbildung Ausbildung München | BAA Bayerische Akademie (германски). Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 2021-12-02.
  3. „» Средно општинско стручно училиште „Св Кирил и Методиј" - Охрид“. Посетено на 2021-12-02.
  4. „Консалтинг компанијата ДЕ-Инвест најавува конкретни инвестиции во партнерство со интернационални компании“. Фактор Портал. Посетено на 2021-11-29.
  5. „Де-Инвест на Беким Земоски интензивно работи на привлекување странски партнери кои би инвестирале во Македонија“. Локално (англиски). 2021-08-25. Посетено на 2021-11-29.