Без љубов (филм од 2017)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Без љубов (руски: Нелюбовь) - руски филм од 2017 година во режија на Андреј Звјагинцев, кој е и коавтор на сценариото заедно со Олег Негин. Главните улоги ги играат: Маријана Спивак, Алексеј Розин, Матвеј Новиков и Марина Василева. Филмот претставува одлична социолошка студија. Во 2017 година, на Канскиот филмски фестивал, филмот ја добил наградата FIPRESCI, а истата година ја освоил и наградата „Цезар“. Исто така, филмот бил номиниран за „Оскар“ за најдобар филм на странски јазик. Камерманот Михаил Кричман, пак, ја освоил Европската филмска награда за камера.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Борис (го игра Розин) и Жења (ја игра Спивак) се маж и жена пред развод, а нивниот малолетен син Аљоша (го игра Новиков) тешко го поднесува тоа. Борис е вработен во приватна фирма чиј сопственик е строг православен христијанин кој не дозволува неговите вработени да се разведат. Тој е во вонбрачна врска со Маша (ја игра Василева) која е бремена, а Жења има богат љубовник. Борис и Жења се во лоши односи, а уште од почетокот на нивниот брак меѓу нив немало никаква љубов. Еден ден, Аљоша не се враќа дома од училиштето и родителите го пријавуваат неговото исчезнување во полицијата, а бараат помош и од приватна волонтерска организација. Започнува голема потрага по Аљоша, но никаде не можат да го пронајдат. Меѓутоа, ниту исчезнувањето на нивниот син не може да ги зближи Борис и Жења кои и понатаму се во непријателски односи. Најпосле, Борис и Жења ги повикуваат да го идентификуваат мртвото тело на едно дете... Една година подоцна, Борис е во брак со Маша, а Жења живее со својот љубовник.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019