Без здив (филм од 1960)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Без здив (француски: À bout de souffle) — француски филм од 1960 година, во режија на Жан-Лик Годар по сценариото на Франсоа Трифо. Главните улоги ги толкуваат: Жан Пол Белмондо, Џин Себерг, Даниел Буланже, Анри-Жак Уе, Жан-Пјер Мелвил, Ришар Балдучи, Жан-Лик Годар. Филмот бил награден со „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Мишел (го игра Белмондо) вози украден автомобил со голема брзина поради што го брка полициска потера. Притоа, тој убива еден полицаец, а потоа заминува во Париз каде посетува неколку познаници. Таму ја среќава Американката Патриција (ја игра Себерг) и се сместува во нејзината хотелска соба. Во меѓувреме, весниците известуваат за убиството, а полицијата го идентификува Мишел и започнува потрага по него.[2] Еден случаен минувач на улицата го препознава Мишел и го пријавува и полицијата, која ја испрашува Патриција. Таа успева да му побегне на полицискиот агент и го предупредува Мишел. Тој краде неколку автомобили, а потоа се среќава со Антонио (го игра Уе), кој треба да му предаде одреден износ пари што треба да му овозможат на Мишел да побегне во Рим. Мишел и Патриција се кријат во еден стан, но Патриција се јавува во полицијата и потоа му кажува на Мишел дека го предала. Иако има можност да побегне, Мишел решава да остане. Полицијата пристигнува во мигот кога Антонио му ги предава парите и пука во него. Смртно ранет, Мишел трча по улицата, следен од Патриција, но на крајот паѓа и умира.

Наводи[уреди | уреди извор]