Безумности (Гоја, 1815 - 1823)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Безумности ( Los disparates ), исто така познато како Поговорки (Proverbios ) и Соништа (Sueños), - е циклус графики на шпанскиот сликар Франсиско де Гоја, создаден од 1815 до 1823година[1].

Графиките содржат бројни мотиви, детали и ликовни размислувања кои се директно поврзани со состојбата на уметникот : таинствени, метафорични, симболични, фантазмагорични.

Покрај 18- те графики од циклусот, кон нив или со истата тематика биле додадени уште 4 графички дела така што денес циклусот опфаќа опус од 22 творби.[2].

Историски прилики во кои се создадени графиките[уреди | уреди извор]

Делата биле создадени за време на страшната црковна инквизиција, која била репресивна и строго цензорска во секој поглед во Шпанија. Гоја бил повлечен, живеел во предградието на [[Мадрид, во куќата таканаречена – „Куќата на глувиот“, врз чии sидови ги насликал познатите и монументални негови „темни“ слики.[3].

Датирање[уреди | уреди извор]

Циклусот бил создаван од 1815-1824 година, 1926 тој ја напуштил Шпанија и живеел во Бордо, Франција. Се смета дека серијата имала дваесет и пет отпечатоци, од кои останале само дваесет и два. Според бакарните плочи кои останале во неговата заоставнина, можело да се заклучи дека циклусот бил започнат во речиси исто време со завршувањето на циклусот „Тавромахија“ Поради сериозната болест што ја претрпел, Гоја, одреден период работел со прекини, а исто така и поради староста. .[4].

Техника[уреди | уреди извор]

Графичката техника во која биле направени графиките е бакропис и акватинта, со тоа што за разлика од другите циклуси, Гоја овде, слободно ги комбинирал графичките техники, ставајќи ги единствено во функција на силен, јасен субјективен графички израз со што се оддалечил од некои дотогашни правила во гравирањето и создавал еден вид на нов графички израз.[5].

Теми и структури[уреди | уреди извор]

Во историјата на уметноста покрај делата на Хиеронимус Бош, ова е една од најтаинствените ликовни творби воопшто во доменот на таинственоста, мистеријата, длабоката потсвесност.. Создавани во време на потполно ослободување во изразаот и во општественото живеење на авторот, овие дела се длабоки интерпретации на човечката: потсвест, психологија, фантазија, опсервација на трагичноста и апсурдноста на животот и постоењето во нерамномправните заедници. Неговата критика, иронија, сарказам и анализа на севкупните поразителни цивилизациски аномалии ги изразува со безброј метафори, симболи, тајни алузии и интерпретации на стварноста кои и денденес не се до крај и точно протолкувани[6].

Уметничко значење[уреди | уреди извор]

Покрај графичките циклуси „Капричосите“ и „Ужасите на војната“ , „Тауромахијата“ овој последен голем циклус на Гоја е генијален, таинствен и пророчки недостижен. Како и претходните циклуси, тој негов ликовен и уметнички израз и поглед е најмалку сто години пред времето. Влијанието особено со овој циклус што го извршил врз современата уметност е непроценливо. Тоа го потврдуваат и сликарите од дваесеттио век : Емил Нолде, Паул Кле, авангардите експресионистички уметници како и Салвадор Дали, кој во овој циклус го забележува идниот [[надреалистички правец. Франциско Гоја, покрај Албрехт Дирер и Рембрант ван Рајн спаѓа во најголемите и најзначајните графички творци во уметноста, неземајќи го предвид и неговото сликарство кое исто така спаѓа меѓу најзначајните ликовни творби на човештвото.[7].

Галерија[уреди | уреди извор]

Делата од циклусот[уреди | уреди извор]

Делата се од првото издание од 1864 година, денес чувани во Музејот Прадо во Мадрид

Шетирите графички дела од подоцна[уреди | уреди извор]

Подготвителни цртежи за серијата[уреди | уреди извор]

Цртежите кои не биле преработени за графички отпечатоци[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Disparates[мртва врска]
  2. Disparates es una característica intrínseca
  3. La última gran serie de grabados hecha por Goya
  4. „Goya: Pintor y grabador español considerado“. Архивирано од изворникот на 2020-02-02. Посетено на 2020-11-17.
  5. The Etchings of Francisco De Goya Los Disparates / Los Proverbios[мртва врска]
  6. EXPLORA LA COLECCIÓN
  7. „Bibliografía sobre los Disparates“. Архивирано од изворникот на 2020-10-08. Посетено на 2020-11-17.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Bozal, Valeriano (2005). Franciso Goya, life and work II. 2 vols. Madrid: Tf Editores. pp. 199–217. ISBN 84-96209-39-3.
  • Bozal, Valeriano (1994). Goya (1994 edition). Madrid: Alianza Editorial. pp. 57–60. ISBN 8420646539.
  • Carrete Parrondo, Juan; Centellas Salamero, Ricardo; Fatás Cabeza, Guillermo (1996). Goya ¡Qué valor! V. Disparates. Zaragoza: Caja de Ahorros de la Inmaculada. ISBN 84-88305-35-4.
  • Glendinning, Nigel (1993). "Francisco de Goya", Art and its creators. Cuadernos de Historia 16 (30). D.L.34276-1993.
  • Gómez de la Serna, Gaspar (1969). Goya and his Spain. Madrid: Alianza Editorial. ISBN 9788420611853.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]