Безработната класа (филм од 1921)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Безработната класа (англиски: The Idle Class) - американски филм од 1921 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс, Хенри Бергман, Ал Ернест Гарсија, Хари Мејнард, Џон Ранд, Мек Свејн и Лојал Андервуд.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Една (ја игра Пурвианс) пристигнува на железничката станица во луксузно туристичко место, но нејзиниот заборавен сопруг (го игра Чаплин) не ја пречекува. Истовремено, на станицата пристигнува и едне скитник (го игра Чаплин). Една му е лута на сопругот и заминува на јавање, а тој продолжува да пие. Во меѓувреме, скитникот оди да игра голф при што им создава неволји на богатите луѓе од хотелот, кои го користат теренот за голф. Притоа, тој ја здогледува Една и се вљубува во неа. Вечерта, една го кани сопругот на маскенбал, но тој заглавува во рицарскиот оклоп. Скитникот, пак, е неправедно обвинет за кражба и, гонет од полицијата, тој влегува во салата каде што се одржува маскенбалот. Една, мислејќи дека е нејзиниот сопруг, го кани крај себе и му искажува нежност, но тогаш пристигнува сопругот (тој е сè уште во оклопот, така што не може да се види неговиот лик) и тој го напаѓа скитникот. На балот пристигнува и таткото на Една, пред кого скитникот изјавува дека тој не е нејзиниот сопруг, а тоа го налутува таткото, кој почнува да го тепа скитникот. Најпосле, таткото на Една и скитникот го ослободуваат нејзиниот сопруг од оклопот и тогаш се разјаснува збрката. Сепак, Една го замолува татко ѝ да му се извини на скитникот, но тој му удира клоца и побегнува.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]