Безистен (Никозија)

Координати: 35°10′34″N 33°21′51″E / 35.1761° СГШ; 33.3641° ИГД / 35.1761; 33.3641
Од Википедија — слободната енциклопедија
Безистен, Никозија
Бедестен, Никозија. Тридимензионален модел од Роберт Барат
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
Основни податоци
МестоНикозија
Координати35°10′34″N 33°21′51″E / 35.1761° СГШ; 33.3641° ИГД / 35.1761; 33.3641
ЕпархијаНикозија
Земја Кипар (де јуре)
 Северен Кипар (де факто)
Духовно-организациски статускултурен центар
Статусактивен

Безистен — историска градба во квартот Селимије во Северна Никозија, кој се наоѓа до џамијата Селимије.[1] Структурата има долга и комплицирана историја која опфаќа повеќе од илјада години. Првично изградена како црква околу 6 век, а проширена и обновена помеѓу 12 и 16 век, посветена на Свети Никола, таа била претворена во безистен, тип на покриен пазар, во периодот на османлиското владеење. Во моментов се користи како културен центар.

Историја[уреди | уреди извор]

Општ поглед со неговата купола и соседната џамија Селимије, 1914 година.
План на источниот крај со рановизантиска апсида.

Византиски период[уреди | уреди извор]

Најраната историја на безистенот е археолошки документирано со византиска базилика, чии фрагменти се зачувани во сегашната зграда. Овие остатоци, кои споделуваат некои структурни одлики со Афендрика и Ајос Филон, веројатно датираат од 6 век.[2] Т.Ц. Папакостас ги идентификувал овие останки како обележување на местото на првата катедрала Света Софија во Никозија.[3]

Лузињански период[уреди | уреди извор]

За време на кралевите Лузињан, последователната историја на зградата не е добро документирана, но некои историчари, вклучително и Камил Енларт, предложиле дека по падот на Ако кон крајот на 12 век, англиските монаси кои биле следбеници на Томас Бекет основале нова латинска црква на ова место и го посветиле на Свети Никола.[4] Меѓутоа, ова читање на изворите не е општо прифатено со оглед на малата улога што ја одиграле витезите на Свети Тома во историјата на латинскиот исток.[5] Со соседната катедрала посветена на латинскиот обред, безистенот веројатно продолжил да служи како православен објакр. Црквата била неколкупати проширувана и обновена во текот на XIV и XV век, но старата византиска апсида била задржана.

Венецијански период[уреди | уреди извор]

За време на венецијанското владеење на островот, безистенот бил користен како градба на митрополитот од страна на православната црква, и посветен на Марија како Панагија Одигитрија. Во времето на Венецијанците бил изграден најзначајниот дел од зградата - северната фасада. Покровители биле благородни кипарски семејства, нивниот идентитет делумно е документиран со грбовите издлабени веднаш над главниот влез. Во истиот период била изградена куполата и големата централна апсида, кои го замениле оригиналот од византискиот период.

Безистен, Лефкоша. Северна фасада и главна врата во 2014 година.

Османлиски период[уреди | уреди извор]

Во 1573 година, неколку години по османлиското освојување на Кипар, зградата била дадена од страна на отоманските власти на Харамајн (оној од двата свети града на исламот, Мека и Медина) за да се користи како бедестен (покриен текстилен пазар). Подоцна бил користен како пазар за храна, а до 1760-тите бил центар за трговија со храна и за турските, грчките и ерменските трговци. До 1873 година, тој бил претворен во складиште за брашно со ограничена продажба на брашно, кое било донесено од Китреја од владини претставници. Потоа се користел како складиште за пченица во 1870-тите и генеричко складиште за Евкафската администрација во 1930-тите.[6]

Британски период[уреди | уреди извор]

Во 1880-тите, првите години од британското колонијално владеење, лордот Киченер и други истакнати Британци на Кипар сакале да ја купат или изнајмат зградата за да ја претворат во црква и повторно да ја користат како црква Свети Никола. Ова не било дозволено бидејќи имотот на фондацијата не можел да се продаде и светилиште од друга религија не можел да се отвори на 100 метри од џамија. Британците презеле одредено реновирање на зградата, која била оштетена поради временските услови и земјотреси, но тоа не било успешно бидејќи не ја одразувала оригиналната архитектура. Со отворањето на новиот општински пазар, Бандабулија, во 1932 година, зградата паднала во употреба. Во 1930-тите, зградата била користена за складирање од страна на Евкафската администрацијата , а во 1935 година, Одделот за антиквитети под Руперт Гунис донел некои средновековни надгробни споменици во зградата од џамијата Омерг. Овие надгробни споменици биле изложени некое време во една просторија заедно со украсениот таван од отоманската ера.[7]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Цртеж на северната страна во 1881 година, на која е прикажана главната врата.

Безистенот во Никозија е стилски многу различен од другите во Отоманското Царство. </ref> Се состои главно од мешавина на византиска и готска архитектура, втората е додадена од Лузињаните, но исто така вклучува елементи на ренесансниот француски, венецијански и веројатно шпански архитектонски стилови. Користи структурен стил и распоред во облик на крст што му припаѓа на византискиот стил, а сепак вклучува наос со висок таван што му припаѓа на готски стил. Јужниот двокораб е остаток од византиската црква, а нејзиниот среден дел е најстариот дел од објектот. Надворешноста на наосот на север има најмногу украси и камени работи во објектот. Оваа фасада е преку предните сводови на џамијата Селимије и е страната каде што се наоѓа влезот. Влезот е преку многу украсена порта во готски стил, со елементи од италијанската ренесансна архитектура додадени подоцна и статуетка на Свети Никола. Грбовите се наоѓаат од двете страни на влезот. Оваа фасада има и бројни животински статуетки.

Реновирање и тековна употреба[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на безистенот по реновирањето.

Помеѓу јуни 2004 и 2009 година, проектот за реновирање, финансиран од Европската Унија и Евкафската администрација, бил преземен од ПФФ на УНДП. Проектот за реставрација го реализиралИнститутот ITABC на CNR. За време на реставрацијата, ѕидовите на зградата биле исчистени и сводовите зајакнати со употреба на традиционални градежни материјали и техники. По завршувањето на реставрацијата, објектот бил повторно отворен како културен центар. Во 2009 година, реновирањето било наградено со наградата Европа Ностра. Меѓу активностите што се одржуваат се и неделните суфи танцови.[8] Зградата, исто така, е домаќин на џез фестивалот во градот Никозија.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bağışkan, Tuncer (21 September 2013). „Ayasofya (Selimiye) Meydanı ve Mahallesi“ (турски). Yeni Düzen. Посетено на 24 July 2015.
  2. See Michael D. Willis, "Byzantine Beginnings," Κυπριακαί Σπουδαί 50 (1986): 185-92, available online: WILLIS, Michael. (1986). Byzantine Beginnings of the Bedesten. Κυπριακαί Σπουδαί, 50, 185–192. http://doi.org/10.5281/zenodo.265185.
  3. T. C. Papacostas, "In search of a lost Byzantine monument: Saint Sophia of Nicosia," επετηρίδα του κέντρου επιστημονικών ερευνών 31 (2005): 11-37. Available online here: https://kcl.academia.edu/TassosPapacostas
  4. „Bedesten“ (PDF) (турски). Evkaf Administration. Посетено на 24 July 2015.
  5. The case rejected in Michael D. Willis, "Byzantine Beginnings," Κυπριακαί Σπουδαί 50 (1987): 192; the general assessment of the order's signficiance P. W. Edbury, The Kingdom of Cyprus and the Crusades, 1191-1374 (Cambridge: Cambridge University Press, 1991): 79.
  6. Bağışkan, Tuncer (8 November 2014). „Kıbrıs'ta Osmanlı – Türk Eserleri (5)“ (турски). Yeni Düzen. Посетено на 24 July 2015.
  7. Arslangazi, Havva (2007), Lefkoşa Kent Dokusunda Mimari Üsluplar (PhD thesis) (турски), Marmara University, стр. 57–62
  8. „Restoration and re-use of the Bedestan (St. Nicholas Church)“. UNDP. Архивирано од изворникот на 2019-02-01. Посетено на 24 July 2015.
  9. „Lefkoşa Jazz Festivali Başlıyor“ (турски). Haber Kıbrıs. Посетено на 24 July 2015.