Точка на безжичен пристап

Од Википедија — слободната енциклопедија

Точка на безжичен пристап (ТБП или WAP, од англ. wireless access point) е уред кој овозможува сите безжични уреди да се поврзат со жичена мрежа користејќи Wi-Fi, Bluetooth или други поврзани стандарди. ТБП обично се поврзува со насочувач (преку жичена мрежа) и може да пренесува податоци меѓу безжичните уреди (како сметачи или печатачи) и жичени уреди на мрежата. Стопанските ТБП се рапави, со метален слој и рапава DIN спојка. За време на работењето трпат повисока температура, голема влага и изложеност на вода, чад и масло. Безжичната безбедност вклучува: WPA-PSK, WPA2, IEEE 802.1x/RADIUS, WDS, WEP, TKIP, и CCMP (AES) шифрирање.

ТБП уред за стопанска намена

Вовед[уреди | уреди извор]

Пред безжичните мрежи, поставувањето на сметачки мрежи во стопанството, домовите или училиштата честопати барало поставување на многу кабли низ ѕидовите и таваните со цел да се овозможи пристап до мрежата на сите мрежно поврзани уреди. Со доаѓањето на ТБП , корисниците на мрежата можат да додаваат уреди кон мрежата со малку или без воопшто кабли. Денешните ТБП се направени да поддржуваат испраќање и примање на податоци, повеќе преку радио честоти, отколку преку кабли.Тие стандарди и честотите што тие ги користат се дефинирани како IEEE. Највеќето ТБП користат IEEE 802.11 стандарди.

Домашен ТБП уред „Linksys WAP54G 802.11g“

Примена на ТБП[уреди | уреди извор]

Типична комерцијална употреба вклучува поврзување на неколку ТБП со жичена мрежа и тогаш се обезбедува безжичен пристап до мрежата. Овие безжични точки се контролирани од сметачки управувачи со безжични локална мрежи (WLAN) кои одржуваат автоматско прилагодување на моќта на радиочестотите, каналите, водат контрола за тоа кој има право да се приклучи за мрежата и за безбедноста. Подетално, овие управувачи можат ад бидат дел од мобилно подрачје за да им обезбедат влез на клиентите од пошироко регионално подрачје, што секако ќе заштеди дел од времето на клиентите. јавната точка на безжичен пристап (ЈТБП или hotspot) е позната јавна примена на ТБП, преку која клиентите што имаат безжичен интернет можат да се поврзат на Интернет без разлика на која мрежа се имаат приклучено во моментот. Овој пристап е многу вообичаен во големите градови, каде што кафе барови, библиотеки, како и приватни поврзувања, им овозможуваат на клиентите да останата континуирано поврзани на интернет, додека се движат наоколу. Најмногу од пристапите на ТБП се користат во домашните безжични мрежи. Тие обично имаат една ТБП да ги поврзува сите сметачи во еден дом. Повеќето се безжични насочувачи, што значи, конвергирани уреди кои вклучуваат ТБП, насочувач и честопати етернетски преклопник. Може исто така да вклучуваат и модем за пошироко распространет интернет.

ТБП може исто така да биде поставена како посредник во мрежата, посредувајќи што може да се пренесува преку секој уред на клиентите.

Некои луѓе го мешаат Безжичниот пристап со безжичните ад хок мрежи. Ад хок мрежата користи врска помеѓу две или повеќе девизи без да користи безжична влезна точка: уредите комуницираат директно кога се во мрежа. Ад хок мрежите се користат во ситуации како брза размена на податоци или игри за повеќе играчи бидејќи инсталирањето е едноставно и не бара влезна точка. Како резултат на нивната рамноправна пставеност кон сите клиенти, ад хок мрежите се слични со Bluetooth мрежите и начелно не се препорачуваат за постојана инсталација. Интернет пристапот преку ад хок мрежите, користејќи програми како како Windows Internet Connection Sharing, може да работат добро со мал број на уреди кои се блиску една до друга, но ад хок мрежите не се добро мерило. Интернет сообраќајот ќе конвергира со уредите, но потенцијално ќе ги блокира. Тука е предноста на безжичниот пристап, со можност за повеќе влезови поврзани со безжичен LAN.

Ограничувања[уреди | уреди извор]

Една ТБП со IEEE 802.11 може да комуницира со 30 клиенти од системот сместени во полупречник од 100 метри. Сепак, вистинскиот опсег на комуницирање може многу да варира, зависно од разни променливи, како внатрешна и надворешна поставеност, висина над земјата, потенцијални пречки во околината, други електронски уреди што можат да го нарушат сигналот со пренесување на истата честота, како разни антени, метеролошки уреди, радио честоти итн. Мрежните дизајнери можат да го прошират опсегот на мрежата со употреба на повторувачи и рефлектори, кои можат да ги прескокнат или да ги прошират радио сигналите, кои можат да пречат на мрежата. Во експериментални услови, безжичните мрежи можат да функционираат и на далечина од неколку километри. Повеќето управи имаа ограничен број на честоти законски достапни за употреба од безжичните мрежи. Вообичаено, соседните ТБП ќе користат различни честоти (канали) за комуницирање со нивните клиенти со цел да се избегне мешање помеѓу два блиски системи. Безжичните уреди можат да допрат до податоци кои се пренесуваат на други честоти, и набрзина можат да се приклучат од една честота на друга за подобар прием.Сепак, ограничениот број на честоти станува пробематичен во населените места со големи згради, кои користат повеќе ТБП. Во такви средини, прекрстувањето на сигналите станува проблем кој предизвикува паѓање на сигналите и грешки во податоците.

Безбедност[уреди | уреди извор]

Безжичниот пристап има посебни безбедносни услови. Многу жичени мрежи се засноваат на безбедност преку физичкиот пристап, верувајќи им на сите корисници на мрежата, но ако безжичните влезови се поврзани на мрежата, било кој од улица или од соседството може да се поврзе. Најпознато решение е шифрирање на безжичниот сообраќај. Модемите доаѓаат со вградени шифри. Првата генерација на вакви шифри се покажала лесна за пробивање, но втората и третата генерација се сметаат за доволно безбедни доколку се одбере достатно силна лозинка или тајна реченица.

Поврзано[уреди | уреди извор]