Бездна на измамените

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бездна на измамените (англиски: Sucker hole) е разговоричен термин што се однесува на краткиот временски период на добро време што ги “лаже“ морнарите да го напуштат пристаништето токму кога невремето ќе продолжи со целосна сила.

Може да се однесува и на растурање на облачно небо, што ги наведува астрономите да се обидат да направат набљдувања, само повторно облаците да го затворат небото.

„Бездна на измамените“ е исто така поим во воздухопловството, што се однесува на помал облик на истиот феномен, но со набљудувачот (пилотот) над “бездната“ наместо подолу, и означува дека пилотот сака да лета низ “бездната“. Тоа е многу опасна ситуација затоа што пилотот не може одозгора да каже колку е длабока “бездната“, и навистина “бездната“ може да оди сè до земја, оставајќи го пилотот да нема начин да се искачи од “бездната“ откако ќе се донесе решението да лета во “бездната“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ePilot ASF Accident Reports: Sucker Hole“. AOPA.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]