Безбедност на личноста
Безбедноста на личноста — основно право загарантирано со Универзалната декларација за човекови права, усвоена од Обединетите нации во 1948 година. Таа е исто така човеково право експлицитно дефинирано и загарантирано со Европската конвенција за човекови права, Уставот на Канада, Уставот на Јужна Африка и други закони ширум светот.
Општо земено, правото на безбедност на личноста е поврзано со слободата и го вклучува правото, доколку некој е незаконски затворен, на правен лек како што е habeas corpus.[1] Безбедноста на личноста може да се смета и како проширување на правата врз основа на забраната за тортура и сурово и невообичаено казнување. Правата на безбедност на личноста можат да заштитат и од помалку смртоносно однесување и можат да се користат во однос на правата на затворениците.[2]
Обединети нации
[уреди | уреди извор]Правото на безбедност на личноста е загарантирано со Член 3 од Универзалната декларација за човекови права. Во овој член, ова право е комбинирано со правото на живот и слобода. Во целост, членот гласи: „Секој има право на живот, слобода и безбедност на личноста“.
Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (1966) на ОН го признава правото на безбедност на личноста. Член 3 наведува дека „Секој има право на слобода и безбедност на личноста“, а делот забранува „произволно апсење или притвор“. Во делот инто така се наведува смее да биде лишен од слобода освен врз основа и во согласност со постапката утврдена со закон“.
Европа
[уреди | уреди извор]Правото на безбедност на личноста е загарантирано со член 5(1) од Европската конвенција за човекови права под насловот Право на слобода и безбедност („Секој има право на слобода и безбедност на личноста. Никој не смее да биде лишен од слобода освен во следните случаи и во согласност со постапка пропишана со закон“) како и во член 6 од Повелбата за основните права на Европската Унија („Секој има право на слобода и безбедност на личноста“).
Канада
[уреди | уреди извор]Правото на безбедност на личноста било признато во Канада во Канадската повелба за правата во 1960 година. Член 1(а) од овој закон го признава „правото на поединецот на живот, слобода, безбедност на лицето и уживање на имотот, како и правото да не биде лишен од нив освен со соодветна законска постапка“. Сепак, Повелбата за правата била закон и не била дел од Уставот.
Во 1982 година, правото на безбедност на лицето било додадено во Уставот. Тоа било вклучено во член 7 од Канадската повелба за права и слободи, која предвидува дека „Секој има право на живот, слобода и безбедност на лицето и право да не биде лишен од нив освен во согласност со принципите на фундаменталната правда“. Безбедноста на лицето во член 7 се состои од правата на приватност на телото и неговото здравје и од правото на заштита на „психолошкиот интегритет“ на поединецот. Правото штити од значителна штета (стрес) предизвикана од владата врз менталната состојба на поединецот.[3]
Ова право генерирало значајна судска пракса, бидејќи абортусот во Канада бил легализиран во случајот R. v. Morgentaler (1988) откако Врховниот суд утврдил дека Комитетите за терапевтски абортус ја нарушиле безбедноста на личноста на жените со загрозување на нивното здравје. Некои судии, исто така, сметале дека контролата врз телото е право во рамките на безбедноста на личноста, прекршено со законот за абортус. Во случајот Operation Dismantle v. The Queen (1985), тестирањето на крстосувачки ракети било неуспешно оспорено како кршење на безбедноста на личноста поради ризик од нуклеарна војна. Во случајот Chaoulli v. Quebec (Главен обвинител) (2005), некои судии на Врховниот суд дури и ја сметале забраната на Квебек за приватна здравствена заштита за кршење на безбедноста на личноста, бидејќи одложувањата во медицинскиот третман би можеле да имаат физички и стресни последици.
Во Врховниот суд и меѓу академиците се водела дискусија за тоа дали безбедноста на личноста гарантира и некои економски права. Теоретски, безбедноста на лицето би била нарушена ако владата ја ограничи можноста на лицето да остварува приход, со негирање на социјална помош, одземање на имот неопходен за професијата или негирање на лиценци. Сепак, член 7 првенствено се занимава со законските права, па затоа ова толкување на економските права е сомнително. Многу економски прашања би можеле да бидат и политички прашања.[4]
Јужна Африка
[уреди | уреди извор]Во 1996 година, владата на Јужна Африка усвоила уставна Повелба за правата со која се признава правото на безбедност на личноста во член 12. Тука, тоа била комбинирано со „право на слобода“. Член 12 понатаму ја дефинира безбедноста на личноста и правото на слобода подетално, вклучувајќи во него телесна контрола и репродуктивна контрола, слобода од тортура и сурово и необично казнување и право на судење. Целосно, член 12 гласи:
- 12. (1) Секој има право на слобода и безбедност на лицето, што го вклучува правото
- (а) да не биде лишен од слобода произволно или без оправдана причина;
- (б) да не биде притворен без судење;
- (в) да биде ослободен од сите форми на насилство од јавни или приватни извори;
- (г) да не биде мачен на никаков начин; и
- (д) да не биде третиран или казнет на суров, нечовечки или понижувачки начин.
- (2) Секој има право на телесен и психолошки интегритет, што го вклучува правото
- (а) да донесува одлуки во врска со репродукцијата;
- (б) на безбедност и контрола врз своето тело; и
- (в) да не биде подложен на медицински или научни експерименти без негова информирана согласност.
Турција
[уреди | уреди извор]Уставот на Турција ја гарантира безбедноста на личноста, заедно со правото на слобода, во член 19, донесен во 1982 година и изменет во 2001 година. Членот ги наведува ограничувањата на овие права во форма на судски одлуки според законот, дозволувајќи ментални институции и институции за зависници, екстрадиција итн. Членот, исто така, го ограничува апсењето и притворањето на случаи во кои судија го дозволува тоа, кога нема доволно време за ова или кога лицето се смета за одговорно за кривично дело. Потоа, на лицето ќе му биде кажано зошто е уапсено, а и на неговите најблиски роднини ќе им биде кажано за апсењето. Конечно, членот дозволува надомест од владата доколку овие права се прекршени.
Нов Зеланд
[уреди | уреди извор]Законот за правата на Нов Зеланд, усвоен во 1990 година, гарантира „Живот и безбедност на лицето“ во членовите од 8 до 11. Член 8 гарантира право на живот освен кога е лишено во согласност со фундаменталната правда, додека член 9 забранува сурово и необично казнување. Член 10 забранува лице да биде подложено на медицински третман против негова или нејзина волја. Конечно, член 11 му дава на Новозеланѓанецот право да не прима медицински третман.
Обединето Кралство
[уреди | уреди извор]Безбедноста на личноста е спомената во Член 5 од Прилог I од Законот за човекови права од 1998 година.[5] Оваа верзија била најновата инкарнација на Законот, иако оттогаш имало мали измени. Овој нов закон претставувала еден аспект од ветените уставни реформи на Тони Блер.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Rhona K.M. Smith, Textbook on International Human Rights, second edition, Oxford University Press, 2005, p. 240.
- ↑ Smith, p. 245.
- ↑ Hogg, Peter W. (2003). Constitutional Law of Canada, 2003 Student Ed. Toronto, Ontario: Thomson Canada Limited. стр. 981.
- ↑ Hogg, 983.
- ↑ „Human Rights Act 1998“. www.legislation.gov.uk. Посетено на 2019-06-19.
- ↑ „Legislation.gov.uk“. www.legislation.gov.uk. Посетено на 2019-06-19.