Безбедносен вентил
Безбедносен вентил или сигурносен вентил — вентил што обезбедува (осигурува) да не се пречекори притисокот во доводната линија (на пр. во хидрауличниот погон). Ако притисокот во доводната линија порасне над поставената вредност, доводот се поврзува со отворот додека притисокот не падне под зададената вредност. Безбедносниот вентил спаѓа во групата притисочни вентили, а во подгрупата вентили за ограничување на притисокот.[1]
Вентил за ограничување на притисокот
[уреди | уреди извор]Вентилот за ограничување на притисокот осигурува притисокот во системот да не ја надмине максималната дозволена вредност. Тие се користат како сигурносни вентили (за заштита од прекумерен притисок), како кочни вентили (за заштита од притисочни удари што се случуваат, на пример, при затворање на разводник) или како вентили за противдржење. Тие се неопходни и присутни во сите хидраулични системи, обично се поставуваат на излезот на хидрауличната пумпа, за да ја заштитат пумпата и системот од прекумерен притисок.
Вентилот за ограничување на притисокот во нормална положба е затворен. Со скратување или издолжување на пружината, на вентилот се поставува саканиот максимален притисок, при што притисокот на клапната на вентилот ќе ја надмине силата во пружината, ќе ја турка клапната и на тој начин ќе го отвори вентилот. Притисокот на отворање е поголем од притисокот на затворање на вентилот за 10 - 15% (хистереза). Во вентилите за ограничување на притисокот често се инсталираат клипови или придушници за намалување на брзината на затворање (брзо отворање и бавно затворање). Ова го спречува оштетувањето од притисочниот удар, како што се случува на пр. ако затворањето на вентилот мигновено го запре протокот до потрошувачот.
Вентилот за ограничување на притисокот се изведува како директен до номинален притисок NP 10, додека за повисоки притисоци (поради зголемени сили) се користат индиректно контролирани вентили.
Правилник за притисочна опрема
[уреди | уреди извор]Правилникот за притисочна опрема јасно ги одредува барањата за ограничување на притисокот и наведува дека зголемувањето на притисокот не смее да го надмине максимално дозволениот притисок PS за повеќе од 10%. Во случај кога опремата под притисок е конструирана за одредени работни параметри и кога работниот притисок и температурата се непроменети, вредностите на пресметаниот притисок и притисокот на PS ќе бидат исти.[2]
За случајот кога сигурносниот уред се состои од само еден сигурносен вентил, вентилот ќе почне да се отвора на притисокот PS, што значи дека притисокот за дотерување на вентилот исто така ќе биде PS. Ако притисокот продолжи да расте, вентилот ќе се отвора сè повеќе и повеќе додека не го достигне максималното отворање. Кога вентилот ќе го достигне своето максимално отворање и ако се претпостави дека е правилно избран, низ него ќе помине количина на медиум (флуид) токму толку за притисокот во садот не ја надмине вредноста на максимално дозволениот притисок од 1,1 x PS, (PS го претставува максимално дозволениот притисок на пресметаната температура).
Во зависност од неговата конструкција, при отворањето, вентилот може да реагира за миг да достигне целосно отворање или постепено да се отвора како што се зголемува притисокот (сразмерна (пропорционална) карактеристика). Карактеристиката на вентилот нема влијание врз безбедноста. Кога притисокот ќе почне да опаѓа, вентилот нема да се затвори во мигот кога ќе се достигне притисокот PS. Притисокот мора да падне под оваа вредност за да се затвори вентилот и да се осигура дека не излегува течност. Овој дополнителен пад на притисокот се нарекува диференцијален притисок на удар - надолу. Износот на диференцијален притисок зависи од конструкцијата на вентилот, падот на притисокот помеѓу садот и влезниот дел на вентилот. Во нормални услови, вентилот мора повторно да се затвори под притисок малку над номиналниот работен притисок. Во тој случај, овој притисок е горната вредност на осцилациите што се јавуваат над номиналната вредност.
Видови сигурносни вентили
[уреди | уреди извор]Видови сигурносни вентили се:
- Безбедносен вентил со непосредно оптоварување е вентил во кој на силата што дејствува директно на плочата на вентилот поради притисокот на течноста се спротивставува механичка сила што произлегува од тежина или лост со тежина или пружина;
- Безбедносен вентил со помошен механизам е вентил што може да се отвори со помошен механизам при помал притисок од почетниот притисок на отворање, а во случај на откажување на помошниот механизам, тој сепак ги исполнува условите за сигурносен вентил;
- Безбедносен вентил со дополнително оптоварување е вентил чија клапна дополнително се оптоварува за да се обезбеди затегнатост додека притисокот не ја достигне вредноста на притисокот за отворање;
- Безбедносен вентил со пилот-вентил е вентил чија работа е контролирана од течноста од контролниот (пилот) уред, кој воедно е сигурносен вентил со директно оптоварување и кој исто така ги исполнува барањата на стандардот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ [1] Архивирано на 18. srpnja 2013.. "Pneumatika i hidraulika" Radoslav Korbar, Veleučilište u Karlovcu, www.vuka.hr, 2007.
- ↑ "Zbirka naputaka iz područja opreme pod tlakom" Radoslav Korbar, Ministarstvo gospodarstva, rada i poduzetništva, www.mingorp.hr, 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Безбедносен вентил на Ризницата ?
- Schematical overview working principle Safety Relief Valve
- Pressure relief valve sizing calculator PSV sizing calculator for liquid blocked outlet case.
- PSV sizing calculator for blocked gas outlet case. PSV sizing calculator for blocked gas discharge.
- PSV sizing calculator - fire case for gas filled vessel
- PSV sizing calculator - fire case for liquid filled vessel