Бегство од Алкатраз (филм од 1973)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Бегство од Алкатраз“ (англиски: Escape From Alcatraz) — американски филм од 1979 година во режија на Дон Сигел. Главните улоги ги играат: Клинт Иствуд, Фред Ворд, Робертс Блосом, Патрик Макгуан, Дени Гловер итн. Филмот е снимен врз основа на вистинита приказна за група затвореници кои се обиделе да избегаат од злогласниот затвор Алкатраз. Исто така, филмот е познат по тоа што е снимен во Алкатраз.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Френк Морис (го игра Иствуд) е поранешен оргабувач на банки, кој успеал да избега од неколку американски затвори. Поради тоа, него го пренесуваат во Алкатраз, кој важи за најстрогиот и најбезбедниот затвор на светот од каде не успеал да побегне ниту еден затвореник. Меѓутоа, Френк не се откажува од намерата и собира група затвореници со кои внимателно го подготвува бегството.

Наводи[уреди | уреди извор]