Бегства
„Бегства“ (српски: Бекства) – југословенски филм од 1968 година, во режија на Радош Новаковиќ. Главните улоги ги толкуваат: Велимир Бата Живојиновиќ, Љуба Тадиќ, Славко Симиќ, Златко Мадуниќ, Раде Марковиќ, Ратислав Јовиќ и Слободан Алигрудиќ. Филмот е снимен според вистински настан кој се случил на 22 август 1941 година, кога група од 32 затворени комунисти успеала да побегне од затворот во Сремска Митровица.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Кога започнува Втората светска војна, комунистите кои се затворени уште пред војната се соочуваат со опасноста да бидат стрелани, па затоа решаваат да избегаат од затворот. Тие почнуваат да копаат тунел, но се појавува вода која им го загрозува потфатот, така што им остануав само една можност — да побегнат напаѓајќи ги стражарите. Тогаш кај нив се појавуваат некои стари дилеми. Еден затвореник, кого го мачи комплексот на предавството, смета дека не заслужува да биде револуционер. Поради тоа, додека другите се подготвуваат на очајничкиот обид, тој ја бара смртта, но открива дека водата се повлекла од тунелот. На тој начин, на затворениците им е отворен патот кон слободата...
Наводи
[уреди | уреди извор]![]() | Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Никулци за филм
- Југословенски филмови
- Српски филмови
- Филмови на српски јазик
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови од 1968 година
- Филмови на Радош Новаковиќ
- Филмови со Слободан Алигрудиќ
- Филмови со Раде Марковиќ
- Филмови со Златко Мадуниќ
- Филмови со Љуба Тадиќ
- Филмови со Бата Живоиновиќ
- Филмови со Славко Симиќ
- Филмови со Душан Ѓуриќ
- Филмови со Љубомир Ќипраниќ
- Филмови со Драгутин Добричанин
- Филмови со Милан Гутовиќ
- Филмови со Душан Јаниќијевиќ
- Филмови со Јован Јаниќијевиќ Бурдуш
- Филмови со Славка Јериниќ
- Филмови со Растислав Јовиќ
- Филмови со Мирољуб Лешо
- Филмови со Људмила Лисина
- Филмови со Никола Симиќ
- Филмови со Јосиф Татиќ
- Филмови со Миќа Томиќ
- Филмови со Драган Зариќ
- Филмови на Авала филм
- Филмови за затвореници