Беглербеговски тунел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Беглербеговски тунел
Beylerbeyi Sarayı Tüneli
Основни податоци
МестоположбаБеглербеговски дворец, Усќудар, Истанбул, Турција
Координати41°02′31″N 29°02′24″E / 41.04194° СГШ; 29.04000° ИГД / 41.04194; 29.04000
Работа
Започнат1829
Отворен1832; пред 191 година (1832)
Сообраќајавтомобили
Технички податоци
Должина230 м (750 ст)
Tunnel clearance2.90 м (9.5 ст)
Беглербеговски тунел is located in Istanbul
Беглербеговски тунел
Беглербеговски тунел
Местоположба на Беглербеговскиот тунел.

Беглербеговски тунел (турски: Beylerbeyi Sarayı Tüneli) — историски тунел под Беглербеговскиот дворец во населбата Бејлербеј во округот Усќудар во Истанбул, Турција, кој ги поврзува Усќудар со Бејлербеј и Ченгелќој.

Нарачан од османлискиот султан Махмуд II (владеел 1808-1839) во 1829 година и завршен во 1832 година, тунелот се наоѓа под еден рид на азиската страна на Босфорот, каде денес се наоѓа градина која е во склоп на Беглербеговскиот дворец.

Тунелот со висина од 2,90 метри служеше до 1970-тите. По неговото затворање се користел како музејско и изложбено место.

На 19 септември 2016 година, тунелот повторно бил отворен за сообраќај, со цел да се олесни сообраќајниот метеж на крајбрежниот пат во областа под Босфорскиот Мост[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Beylerbeyi Sarayı Tüneli trafiğe açıldı“. Hürriyet (турски). 2016-09-19. Посетено на 2016-09-19.