Беатрис Фин
Беатрис Фин (шведски: Beatrice Fihn; роден на 17 ноември 1982[1] година во Гетеборг, Шведска) — шведска адвокатка и од 1 јули 2014 година, извршна директорка на Меѓународната кампања за укинување на јадреното оружје (ICAN). Заедно со преживеаната од Хирошима, Сецуко Турлоу, таа ја прифатила Нобеловата награда за мир[2] за ICAN.
Биографија
[уреди | уреди извор]Фин е родена во 1982 година во Гетеборг, Шведска. Студирала на Универзитетот во Стокхолм, а дипломирала за меѓународни односи во 2008 година. Во 2009 година, таа учествувала на стажирање во Женската меѓународна лига за мир и слобода (WILPF) и била вклучена во работата на Конференцијата за разоружување и Советот за човекови права на Обединетите нации. Таа потоа работела во банка во Женева и се здобила со едногодишна магистерска диплома по правни науки по меѓународно право на Универзитетскиот колеџ во Лондон.[3]
Фин се вратила во WILPF во 2010 година, работејќи со нејзината програма за разоружување[4] сè додека не стане извршен директор на ICAN во 2014 година.
Фин го критикувала американскиот претседател Доналд Трамп за неговата јадрена политика.[се бара извор] Фин го посетила Нагасаки за прв пат на 13 јануари 2018 година.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ https://www.womeninpeace.org/f-names/2019/11/10/beatrice-fihn
- ↑ Roper, Caitlin (2017-11-01). „Beatrice Fihn Thinks We Can Abolish Nuclear Arms“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2017-11-07.
- ↑ Beatrice Fihn European Leadership Network Архивирано на 7 октомври 2017 г.
- ↑ „Home - Reaching Critical Will“. www.reachingcriticalwill.org. Women's International League for Peace and Freedom. Посетено на 11 December 2017.
- ↑ ICAN leader Beatrice Fihn makes first visit to Nagasaki
|