Бајлштајнова база на податоци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бајлштајнова база на податоци — најголемата хемиска база на податоци во областа на органската хемија, во која соединенијата единствено се идентификувани со нивниот Бајлштајнов регистарски број. Оваа база на податоци ја опфаќа научната литература од 1771 до денес и содржи експериментално проверени податоци за милиони хемиски реакции и супстанции од оригинални научни публикации. Електронската база на податоци била формирана користејки го Бајлштајновиот прирачник за органска хемија, кој ја утврдил Фридрих Конрад Бајлштајн во 1881 година. Од 2009 година, содржината била одржувана и пренесувана од страна на Елсевиер во Франкфурт под името на производот „Reaxys“.[1]

Базата на податоци содржи информации за реакции, супстанции, структури и својства. До 350 полиња кои содржат хемиски и физички податоци (како точка на топење, показател на прекршување и др) се достапни за секоја супстанца.

Содржината на Бајлштајн е достапна преку Reaxys[2] и е надополнета со информации извлечени од Гмелин (кој дава пристап до Гмелин базата на податоци).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Press Room“. Reaxys. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2013-03-17.
  2. „Reaxys“. Архивирано од изворникот 2010-12-10. Посетено на 4 January 2011.