Бајки (приказни од Ханс Кристијан Андерсен)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Бајки“ е книга со приказни од Ханс Кристијан Андерсен, издадена од „Македонска книга” и „Детска радост“, во 1967 година”, како прва книга од серијата „Одбрана лектира за 1 и 2 одделение“. Преводот го извршил Борис Благоески.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Книгата има 63 страници и не е каталогизирана. Таа е испечатена во тираж од 10 000 примероци, во печатницата „Нова Македонија“. Корицата е дело на Младен Туниќ.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Х. К. Андерсен, „Бајки“, Македонска книга и Детска радост, 1967.

Во книгата се содржани осум приказни на Х.К. Андерсен:[2]

Занимливости[уреди | уреди извор]

Покрај сказните, книгата содржи и куса биографија на Х. К. Андерсен, со наслов „Белешка за писателот“ која не е потпишана. Покрај другото, во неа пишува: „Андерсен во данската и во светската литература останува познат по своите сказни. За него Шекспир вели: Андерсен е оној чуден Данец, којшто е направен од она од што се направени и соништата“.[3] Меѓутоа, авторот на оваа белешка изумил дека Шекспир (кој умрел во 1616 година) никако не можел да даде изјава за Андерсен, кој е роден во 1805 година, т.е. два века подоцна!

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ханс Кристијан Андерсен, Бајки, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1967, стр. 2.
  2. Ханс Кристијан Андерсен, Бајки, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1967.
  3. Ханс Кристијан Андерсен, Бајки, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1967, стр. 61.