Башкирски коњ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Башкирски коњ
ОдликиМал, исклучително издржлив коњ, просечно висок 143 см
ПотеклоРуска Федерација
Коњ (Equus ferus caballus)

Башкирски коњ – коњска раса на башкирскиот народ. Главно се одгледува во Башкортостан, автономна република во рамките на Руската Федерација која се наоѓа во јужните Уралски Планини и западно. Главниот центар на расата е главниот град Уфа.[1]:334

Историја[уреди | уреди извор]

Потеклото на башкирскиот коњ не е познато. Во 19 век била призната неговата економска вредност и биле преземени чекори да се зголемат неговите работни способности и неговите традиционални квалитети како животно од кого се добива млеко и месо. Центри на расата биле воспоставени во 1845 година.[2]:88

Башкирскиот коњ бил вкрстен со други раси од бившиот СССР како што бил рускиот тежок запрежен коњ. Биле направени и експериментални вкрстувања со казашки и јакутски коњи.[1]:333

Башкортостан има трета најголем популација на коњи од федералните единици во Русија, по Алтајски Крај и Јакутија.[3] Во 2003 година биле евидентирани 94.470 грла башкирски коњи.[4]

Особености[уреди | уреди извор]

Башкирскиот коњ е мал коњ, висок 142 cm на гребенот. Има широко тело и длабоки гради, со просечна торакална обиколка од околу 180 cm. Има голема глава и краток врат, низок гребен и рамен грб. Нозете му се куси со тешки коски, коските на нозете може да достигнат обиколка од 20 cm. Најчести бои на башкирскиот коњ се дорија, костенлив, сив и пепелав.[1]:333 Гривата и опашката се густи, а исто така и крзното им е густо и често кадраво.[2]:88 Двегодишна студија објавена во 1990 година северноамериканскиот кадрав коњ, кој исто така има кадраво крзно и може да се нарече „американски башкирски кадрав коњ“, потекнува од башкирската раса[5]

Постојат два различни видови башкирски коњ: помал, полесен планински вид кој главно се користи за јавање и потежок степски вид[2]:88

Башкирскиот коњ е извонредно отпорен. Крдарите се одгледуваат екстензивно и остануваат на отворено во зима на снег и мраз кога температурите може да достигнат -40°C.[2]:88

Користење[уреди | уреди извор]

Башкирскиот коњ се користи за јавање и носење товар, во запрега и за земјоделски работи. Покажува извонредна издржливост, постојат запис за башкирски коњи кои влечат тројка, санки со три коња на растојанија од 120 до 140 km на ден. [2]:88

Башкирските кобили даваат изобилство на млеко. Просечен годишен принос на млеко е 1500[1]:333 или 2100 kg[4] при лактација од 240 дена, а најдобрите грла кобили достигнуваат и 2700 kg. Голема количина од млекото се преработува во кумис. [2]:88 Спремањето на кумис е национална активност на башкирскиот народ.[3]

Од влакната собрани од чешлањето на густото зимско крзно на овие коњи може да се исткае ткаенина.[2]:88

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 N.G. Dmitriev, L.K. Ernst (1989). Animal genetic resources of the USSR. FAO animal production and health paper 65. Rome: Food and Agriculture Organization of the United Nations. . Archived 13 November 2009. Also available here, archived 29 September 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Elwyn Hartley Edwards (1994). The Encyclopedia of the Horse. London; New York; Stuttgart; Moscow: Dorling Kindersley. .
  3. 3,0 3,1 Gljusa R. Bakijeva (2012). Evaluation of the Republic of Bashkortostan’s Tourism and Recreation Potential. Conference paper, 20th International Scientific Conference CO-MAT-TECH, 11–12 October 2012, Trnava, Slovak Republic. Accessed October 2014.
  4. 4,0 4,1 Breed data sheet: Bashkirskaya/Russian Federation. Domestic Animal Diversity Information System of the Food and Agriculture Organization of the United Nations. Accessed October 2014.
  5. S. Thomas (1990). The Curly Horse identification project of the CS fund conservancy (a case study), in: Lawrence Alderson (1990). Genetic conservation of domestic livestock. Wallingford, Oxon: CAB International, on behalf of the Rare Breeds Survival Trust. p. 154–159.
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „barb“ определена во <references> не се користи во претходен текст..