Бахус (Леонардо да Винчи)
Творец | Работилница на Леонардо да Винчи |
---|---|
Година | 1510–1515 |
Вид | Масло на оревова штица префрлена на платно |
Димензии | 177 см × 115 см |
Место | Лувр, Париз |
Бахус, претходно Свети Јован Крстител – дело од работилницата на Леонардо да Винчи според негов цртеж. Сликано е со техника масло на оревова штица, а потоа е префрлено на платно, во периодот од 1510 до 1515 година. Денес се наоѓа во музејот Лувр, во Париз.
Сликата го прикажува Јован Крстител како со показалоцот од десната рака покажува кон десната страна на сликата, а со показалецот од левата кон дното.
Кратка биографија на Леонардо
[уреди | уреди извор]Леонардо да Винчи е роден во Винчи, село кое е сместено во зелените прегратки на Тоскана, на падините на планината Монте Албано, во непосредна близна на Емполи, како незаконски син на адвокатот Сер Пјеро ди Антонио да Винчи (1426 - 1504) и селанката Катерина. Постојат претпоставки дека Катерина била робинка од Блискиот Исток, но фактите не се доволни за да се докаже оваа теорија. По раѓањето на Леонардо, нивната врска завршила и Леонардо останал да живее со татко му, кој истата година се преженил за 16-годишната Албјера ди Џовани Амадори. Неговата мајка, во 1457 год. се омажила за варничарот Акатабрига ди Пјеро дел Вака.[1]
На 23 април 1519 год., Леонардо го напишал својот тестамент, а на 2 мај 1519 умрел, при што, како што кажува легендата, на смртната постела го придружувал лично францускиот крал. Според сопствената волја, Леонардо бил закопан во црквата св. Флорентин во Амбоа, но подоцна, неговиот гроб бил уништен за време на хугенотските војни. Во текот на 1520-1530 год., неговиот пријател и ученик, Франческо Мелци, ги собрал ракописите што ги наследил од неговиот учител, а најпознатите ги објавил под насловот Трактат за сликањето - збирка на теоретски и практични совети за сликарите. Еден друг ученик, Џакомо Салаи, наследил голем дел од сликите на Леонардо и по неговата насилна смрт во Милано, во 1525 год., во неговата оставнина биле пронајдени едни од најпознатите дела на Леонардо: Дева Марија и малиот Исус со св. Ана, Св. Јован Крстител, Леда и лебедот, Мона Лиза, Св. Хероним и уште еден портрет. Се претпоставува дека кон 1530 год., некои од овие дела завршиле кај францускиот крал и тие денес се наоѓаат во музејот Лувр во Париз.
Физички одлики на делото
[уреди | уреди извор]Димензиите на ова дело се 177 на 115 сантиметри. Кога било насликано се наоѓало во Фиренца и Милано, а денес се наоѓа во музејот Лувр во Париз.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Zöllner,Frank. Leonardo, Taschen, 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бахус (Леонардо да Винчи)“ на Ризницата ? |