Батова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Батова
Местоположба
ДржаваБугарија
Физички особености
Устие 
 • место
Црно Море
 • координати
43°20′44″ N; 28°04′21″ E / 43.3456° СГШ; 28.0724° ИГД / 43.3456; 28.0724Координати: 43°20′44″ N; 28°04′21″ E / 43.3456° СГШ; 28.0724° ИГД / 43.3456; 28.0724
Должина39 kм (128,000 ст)
Големина на сливот339 km2 (131 ми)
Особености на сливот

Батова ― река во североисточна Бугарија. Реката тече во широка долина помеѓу рамницата на Добруџа на север и висорамнината Франга на југ, на крајот се влева директно во Црното Море. Батова е долга само 39 километри, но се забележува како единствена река во Јужна Добруџа која не се суши на годишно ниво. Реката е длабока помеѓу ноември и мај, со врв во февруари, и плитка во преостанатите пет месеци, особено во јули и август. Сливот на Батова зафаќа 339 квадратни километри и просечниот проток е 340 литри во секунда.[1] Реката минува низ селото Батово во општината Добричка, Добричка Област, по што е именувана.

Според извештајот од 2001 година, водите на Батова покажуваат средно и мало загадување.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Средногодишен, максимален и минимален отток по хидрологични станции“ (бугарски). BlueLink.net. Архивирано од изворникот на 24 април 2008. Посетено на 21 август 2021.
  2. „Годишник за състоянието на околната среда за 2001 г“ (Bulgarian). Изпълнителна агенция по околна среда. Архивирано од изворникот на 4 февруари 2008. Посетено на 21 август 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)