Батлавско Езеро
Изглед
Батлавско Езеро (албански: Liqeni i Batllavës) — вештачко езеро во североисточно Косово, помеѓу градчињата Орлана и Батлава, околу 20 километри североисточно од Приштина. Се наоѓа на реката Батлава, во сливот на реката Лаба, каде што била изградена брана во 1958 година во близина на градот Батлава. Должината на езерото е околу 6,7 км, просечна широчина е 450 метри, додека вкупната површина е околу 3 км². Езерото е многу важно за туризмот и е исклучително богато со риба. Најзастапен е крапот, а од бела риба, орада, лебарка и клен. Името го добило по реката и градот Батлава.

Поврзано
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)