Басни (книга на Емброуз Бирс)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Басни (англиски: Fantastic Fables) е збирка со басни на американскиот писател Емброуз Бирс од 1899 година. Изданието на македонски јазик било објавено во 2016 година од страна на издавачката куќа „Темплум“. Преводот од англиски јазик го направил Иван Шопов.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Книгата „Басни“ е објавена како 115. книга од библиотеката „Магма“. Книгата е отпечатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 99 страници. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 978-608-4658-54-2. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата „Кома“, лектурата ја извршил Бобан Карапејовски, а книгата е испечатена во печатницата „Пропоинт“, во тираж од 300 примероци. Објавувањето на книгата било финансирано од Министерството за култура на Македонија. На предната корица е ставена слика на Чарлс Х. Бенет. На задната корица се наоѓа мал осврт врз делото.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 80 басни, а на крајот од книгата е ставена белешка за животот и делото на авторот:[1] Волкот и јагнето, Лавот и глушецот, Змијата и ластовицата, Крал без коски, Оптимист, Будалестата жена, Гуската и лебедот, Човекот и птицата, Човекот и орелот, Волците и кучињата, Ловецот и верверичката, Волкот и нојот, Победникот и жртвата, Лисицата и грозјето, Мачката и кралот, Волкот и бебето, Двајцата политичари, Опашката на Сфингата, Волкот и овчарите, Вистината и патникот, Невиден имбецил, Полицаецот и граѓанинот, Стрелецот и орелот, Магарето и штурците, Момчињата и жабите, Мачорот и птиците, Мачкосаниот анархист, Лавот и бикот, Дрвени топови, Сенката на водачот, Земената рака, Тројцата филозофи, Верниот син, Пред портите на рајот, Прашање на метод, Двајцата побожни, Двајцата во неволја, Незаинтересираниот судија, Талисман, Судијата и неговиот обвинувач, зајците и жабите, Зајакот и желката, Противотров, Полицаецот и разбојникот, Политичари, Змијата-христијанин, Татко и син, Невештиот собирач на корења, Човекот без непријатели, Дружината онаму, Судењето на убиецот, Трње на гробот, Пратеникот и сапунот, Насип, Расистичка паралела, Кенгурот и зебрата, Верната вдовица, Спасувачи, Непостоечкиот случај, Барачот и бараното, Исхраната на боксерот, Изгубеното право, Двајцата друмски разбојници, Оптимистот и циникот, Партискиот функционер и господинот, Простодушна ревност, Чесниот пратеник, Тројцата регрути, Светецот и грешникот, Друмскиот разбојник и патникот, Фармерот и неговите синови, Крадецот-покајник, Штурецот и мравката, Госпоѓата Среќа и патникот, Лавот, петелот и магарето, Ракот и неговиот син, Волкот и жеравот, Лавот и глушецот (2), Музикалниот рибар, Сточарот и волкот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016.