Прејди на содржината

Баскервилскиот пес (филм од 1939)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Баскервилскиот пес“ (англиски: The Hound of the Baskervilles) - американски филм од 1939 година, во режија на Раул Волш, заснован на истоимениот роман на Артур Конан Дојл. Главните улоги ги толкуваат: Базил Ретбон, Најџел Брус и Лајонел Етвил. Оваа се смета за најпознатата екранизација на романот и често се смета за една од најдобрите филмски верзии. Истовремено, ова е првиот од 14 филмови за Шерлок Холмс во кои глумеле Ретбон и Брус, како и првиот филм за Холмс сместен во викторијанската ера.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Шерлок Холмс и д-р Вотсон се повикани да го истражат случајот за натприродниот пес, кој ги убива сите потенцијални наследници на мистериозниот имот. Шерлок не верува во легендите и паранормалните работи и затоа тој и д-р Вотсон се нафаќаат да ја решат мистеријата и да ја откријат вистината...