Бар (угостителство)
Изглед

Бар (англиски: bar) — угостителско претпријатие опремено со шанк, и кое, во зависност од специјализацијата, продава алкохолни, топли и ладни пијалаци, коктели, ладни и топли предјадења и јадења во ограничен асортиман, како и готови производи.[1]
Барот може да биде дел од ресторан; баровите што се дел од хотел се познати и под називите „долги барови“ (англиски: long bars) или „хотелски сали за одмор“ (англиски: hotel lounges).
Видови барови
[уреди | уреди извор]Видот на барот зависи од:[1]
- асортиманот на производите што се продаваат и начинот на подготовка на производите во угостителството:
- вински бар,
- безалкохолен бар — бар што продава безалкохолни пијалаци и лесни ужинки;[2]
- пивски (паб-бар — од англиски: Pub — кратенка од Public house, буквално „јавна куќа“ во значење на место за собирање на населението) — со иста концепција како таб-барот, но со поширок асортиман на производи и повисоки цени; послужуваат само келнери; обично ваквите барови се делат според интереси.
- кафе-бар,
- десертен бар,
- бар за млечни шејкови,
- коктел-бар,
- скара-бар (или разговорно „грил-бар“),
- снек-бар (од англиски: snack — „лесна ужинка“) или грицки-бар — бифе, мало кафуле; во англојазичните земји snack е општ назив за лесни јадења наменети за „мезење“ — задоволување на гладот помеѓу главните оброци.[3][4]
- фитобар (од грчкиот збор phyton — „растение“, и bar — „пункт, бифе“) — специјализиран оддел (во фитоцентар) за продажба и конзумирање чаеви, декокти, попареници и пијалаци од лековити билки, обично при аптеки, санаториуми, спортски сали од општ или специјален карактер (сали за одбојка, кошарка, бадминтон, куглање и др.).[5][6] Фитобарите доживеале голем подем благодарение на зголемениот интерес во медицината кон фитотерапијата и избегнувањето на синтетички лекови што имаат несакани дејства; исто така, ширум светот се забележува склоност на зголемување на животниот век, што води до зголемување на бројот на постари лица што се поподложни на хронични болести и имаат зголемена чувствителност кон лекови. Фитобарите организираат и подготовка и делење на јадења со природни, еколошки чисти производи обогатени со витамини, минерали и други корисни материи што се нудат како додаток на секојдневната исхрана за да се надомести дефицитот во организмот.
- суши-бар и др.;
- спецификите на услужувањето на потрошувачите и/или организирањето на слободното време (забава):
- видеобар — бар со прикажување на видеофилмови, видеоклипови, видеопрезентации итн.;
- кинобар (види кино),
- вариете-бар (музичка сала, од англ. music hall или вариете, француски: variété) — бар со забавна музика што бил модерен помеѓу 1850 и 1960 г.
- дискобар (од англиски: Disco — буквално дискотека) — бар со диско — жанр на танцувачка музика од XX век што настанал во раните 1970-ти години.
- танцувачки бар (од англиски: Dance Hall).
- лоби-бар (од англиски: Lobby — „фоаје“) — бар сместен на приземјето во хотел, во холот;
- мобилен бар — подвижен бар;
- канцелариски бар (или разговорно „офис-бар“) — бар во рамките на канцеларија, каде што бармените и келнерите ги послужуваат вработените во текот на денот; за време на преговорите, барменот или келнерот прво ја зема нарачката за да не ги вознемирува клиентите и да не ги одвлекува од темата што се дискутира;
- сервисен бар — бар што услужува различни банкети, приеми со претходно плаќање или преку чекови;
- дајв-бар (од англискиот избор dive bar — „скриена или неугледна крчма/кафеана“) — евтин, обично локален бар со прилично неугледен изглед, опуштена атмосфера и незабележителен ентериер, кој често привлекува постојани локални гости.
- експрес-бар — бар за брза услуга.
- пул-бар (од англискиот збор англиски: pool — „базен“) — бар со базен;
- бикини-бар — бар со привлечни девојки келнерки разголени до појасот (топлес);
- стриптиз-бар (од англиски: strip — „соблекување“ и tease — „дразнење“) — бар со настапи на уметници што се соблекуваат — стриптизери.
- бар „ноќен клуб“ (или „клупски бар“) — танцувачки бар со современа брза и/или „тешка“ музика што обично работи ноќе.
- џук-џојнт[7] — американски евтини барови, места за танцување и одморалишта покрај пат со музички автомати што ги посетувале работниците на плантажите.
- лаунџ-бар (од англиски: lounge — „безделничење“, lounge music — „музика за хол“) — бар со лесна заднинска музика што се одликува со зголемена удобност.
- местоположбата:
- во станбени и јавни згради, вклучувајќи:
- во посебни згради, хотелски згради, железнички станици; во културно-забавни и спортски објекти;
- во рекреативни зони;
- во станбени и јавни згради, вклучувајќи:
- интересите на потрошувачите:
- моторџиски бар (или разговорно „бајкер-бар“) — бар што често го посетуваат моторџиите.
- спортски бар — бар што го посетуваат спортски навивачи што одат таму за да гледаат спортски натпревари во друштво на други навивачи.
- геј-бар — бар за гејови и лезбијки за средби и запознавање; со појавата на интернетот, социјалните мрежи и зајакнувањето на признавањето на правата на ЛГБТ-заедницата, актуелноста на геј-баровите како центри на геј-културата донекаде е намалена.[8] Други називи: бар за момчиња (англ. boy bar); бар за девојчиња (англ. girl bar); геј-клуб (англ. gay club); геј-паб (англ. gay pub); квир-бар (англ. queer bar); лезби-бар (англ. lesbian bar); дајк-бар (англ. dyke bar).
- геј-пријателски бар (англиски: gay-friendly) — бар што исто така ги кани гејовите и лезбијките, иако не е строго геј-бар.
- полициски бар — бар што често го посетуваат полицајците во слободното време од должност.
- вегански бар — бар за вегетаријанци, без алкохолни пијалаци.
- таб-бар — мала установа со стандарден асортиман на производи (обично точено пиво, евтини безалкохолни и алкохолни пијалаци како вотка, рум, текила; коктели не се прават) и услужување од шанкер без келнери. Главна одлика по која се разликува од паб-барот е присуството на тотализатор: на телевизија задолжително се прикажуваат разни спортски настани: коњски трки, кучешки трки и др., на кои може да се обложува право во барот. Дополнително можат да бидат поставени билјард, автомати за игри.
Литература
[уреди | уреди извор]- Bar // Tourismus, Hotellerie und Gastronomie von A bis Z / hrsg. von Wolfgang Fuchs. — Berlin: De Gruyter, 2021. — S. 80. — 1088 S. — ISBN 978-3-11-054682-8.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 ГОСТ Р 50762—2007 Услуги общественного питания. Классификация предприятий общественного питания
- ↑ Иби, Маргарет (2019-08-03). „Бар без выпивки. Кому и зачем он нужен?“. BBC News Русская служба. Архивирано од изворникот на 2019-08-03. Посетено на 2020-03-30.
- ↑ Снэк: еда или баловство? — KM.RU Кулинария. Холодные закуски.
- ↑ Российский рынок снеков в период кризиса. Прогнозы развития Архивирано на 2 април 2015 г. — РБК. Исследования рынков.
- ↑ Празен навод (help) — Ефремова Т. Ф..
- ↑ К.м.н. Рахимова И. А. Фитотерапия и организация фитобаров Архивирано на 10 декември 2014 г.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Geoff Williams (2007-09-19). „10 Businesses Facing Extinction in 10 Years“ (англиски). Entrepreneur. Архивирано од изворникот 2020-03-29. Посетено на 2020-03-30.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Бар (угостителство)“ на Ризницата ? |