Барограф



Барограф – метеоролошки инструмент за регистрација на промените на атмосферскиот притисок. Работи на принципот на барометар кому му е додаден уред за регистрација.
Видови барографи[уреди | уреди извор]
Како и барометрите, барографите се делат на метални и барометри со жива.
Метален барограф[уреди | уреди извор]
Металниот барограф според Ришар се состои од неколку споени анероидни капсули со кои е поврзана писалката. Промените на притисокот вршат промена на димензиите на капсулите и писалката ги бележи промените на хартиена лента обвиена околу валјак. Валјакот многу бавно ротира со помош на сатен механизам и на овој начин се добива постојан запис.
Валјакот се врти еднаш дневно или еднаш седмично, зависно од изведбата на уредот. Добиената крива се нарекува барограм.
Живин барограф[уреди | уреди извор]
Живините барографи се поточни. Тие имаат пливка на површината на живата споена со писалката. Површината на живата ја менува висината зависно од атмосферскиот притисок. Постојат и конструкции на живини барографи на принципот на вага, или отчитување на висината на живата на фотоелектричен или фотографски начин.
Употреба[уреди | уреди извор]
Барографот се користи во метеоролошки станици, а при аеролошки мерења тој е составен дел на метеорографот. Исто така се користи и во авионите за мерење на висината.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Барограф“ на Ризницата ? |
Литература[уреди | уреди извор]
- Војна енциклопедија, Београд, 1970., књига прва, pp. 494.