Барич
Изглед
| Барич | |
|---|---|
| Надм. висина | 810 м |
| Должина | 9 км |
| Длабочина | 1.200 - 1.300 м |
| Геологија | |
| Вид | кањон |
| Географија | |
| Местоположба | Реканско, западна Македонија |
| Координати | 41°40′03″N 20°38′06″E / 41.6675°N 20.635°E |
| Река | Радика |
![]() | |
Барич (или Баричка Клисура) — кањон во Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија, најдлабок во државата.[1] Сместен е во добро обликуваната клисура на Радика која лежи на расед. Ја исцртува границата помеѓу областите Горна и Долна Река.
Се протега помеѓу планините Бистра и Кораб[1], од сливот на Рибничка Река до сливот на Жировничка Река. Има лачен облик и долга е 9 км. Самиот кањон е тесен. Вертикалните отсеци се високи помеѓу 300 и 350 м. Пошироката кањонската клисура е длабока од 1.200 до 1.300 м,[2] што ја прави најдлабока во Македонија.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија. Скопје, 2008, стр. 15.
- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 131. ISBN 978-608-203-023-4.
| Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

