Барингс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Барингс (англиски: Barings PLC) - британска банка која работела од 1762 до 1995 година. Таа била втората најстара трговска банка (merchant bank) во светот.

Пропаста на Барингс[уреди | уреди извор]

Банката „Барингс“ пропаднала на 26 февруари 1995 година поради големата загуба од 1,33 милијарди долари, предизвикана од измамничкото тргување на нејзиниот вработен Николас Лисон (Nicholas Leeson) во филијалата „Barings Futures“ во Сингапур. Загубата била предизвикана од неовластеното и тајно тргување на Лисон на јапонскиот пазар на акции каде тој акумулирал големи отворени позиции на фјучерси на пазарниот индекс Nikkei 225. Притоа, договрната вредност на неговите позиции на берзите во Осака (Osaka Securities Exchnage, OSE) и Сингапур (Singapore Monetary Exchange, SIMEX) изнесувала седум милијарди долари, а кога берзанскиот индекс паднал за повеќе од 15 % во првите два месеца од 1995 година „Barings Futures“ претрпила големи загуби кои само се зголемиле поради Лисоновите позиции во опции. По првичното зголемување на загубата, Лисон продолжил уште повеќе да тргува очекувајќи дека во иднина ќе ги покрие направениет загуби, а кога не можел да исплати парите што ги барале берзите, на 23 февруари 1995 година, едноставно избегал. Подоцна, тој испратил факс до врвното раководство на „Барингс“ искажувајќи „искрено извинување за непријатноста во која ве оставив“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 29.