Прејди на содржината

Баржа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Баржа платформа за сув товар со пловило туркач.

Баржа или шлеп — типично пловило со рамно дно што нема сопствен механички погонски систем.[1][2] Првично се користеле на внатрешни водни патишта, додека денес се користат и во внатрешни и во морски води. Првите современи баржи биле влечени од реморкери, но на внатрешните водни патишта, повеќето се туркаат од туркачи или други пловила. Поимот „баржа“ има богата историја, па затоа постојат многу видови баржи.

Особености

[уреди | уреди извор]

Баржите за сув товар имаат носивост од 100 до 4.000 тона, додека насипните баржи — до 11.000 тона. Баржите се користат главно на внатрешни водни патишта (реки, езера, вештачки езера), а поретко во морски услови (внатрешни или крајбрежни мориња, протоци).

На внатрешните водни патишта, од баржи се создаваат „возови“ што содржат од една до неколку баржи. Несамостојна баржа може да се движи во пар со пловило туркач. Крмниот дел на таквата баржа има засек за влегување на носниот дел од пловилото туркач. Двата пловила за вакво заемодејство се опремени со хидрауличен уред за спојување. Баржата и пловилото туркач се опремени и со уред за влечење за да се овозможи движење на баржата со влечење.

  1. Illustrated Glossary for Transport Statistics 4th Edition, Eurostat - ITF - UNECE, 2010, ISBN 9789282102947
  2. „баржа“Дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Barge Lehigh Valley 79 at the Waterfront Museum, Brooklyn, Њујорк, САД
  • Britain's Official guide to canals, rivers and lakes
  •  Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Barge“ . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.
  • DBA The Barge Association
  • The American Waterways Operators